Како се дијагностицира дијабетесот?

Read More

Гликемиска контрола

Read More

15 знаци на висок шеќер во крвта

Read More

Физичка активност и придобивки

Read More

10 работи кои може да влијаат на шеќерот во крвта

Read More

ДИЈАБЕТЕС!

Запознајте го и превземете го вашето здравје во ваши раце

Превенција од дијабетес,едукација на пациентите со дијабетес но и на сите други граѓани кои се заинтересирани за намалување на ризикот од заболување од оваа се позастапена хронична незаразна болест.

Глукометри

  • За да знаеме дали успешно го регулираме дијабетесот и дали добро го спроведуваме лечењето, освен со лабораториски испитувања потребно е редовно да се следат вредностите на гликозата во крвта и во домашни услови ,со глукометар.
  • Измерените вредности на гликоза во крвта се одличен водич за вас и вашиот лекар, прилагодување на животниот стил или терапија, па затоа е многу важно да се обезбеди нивната максимална точност.
  • Системите за континуирано мерење на гликемии CGM(сензори) се одлично решение со кои се добива 24 часовен увид на нашите гликемии а со тоа и можност да донесете одлука за корекција на навиките и регулирање на состојбата. Се овозможува значително подобра гликемиска контрола,помал број на хипогликемии и помала глуко-варијабилност.

Одбрана исхрана

  • Основните правила во лекувањето на дијабетесот подразбираат адекватна исхрана: свежа или храна која кратко термички се обработува (варење на пареа,барење,пржењето се избегнува) и се консумира свежо подготвена во во 5-6 помали оброци,најдобро приближно во исто време.
  • Заболените со дијабетес особено мораат да водат сметка за внесот на скроб,односно сложени јаглени хидрати,држејки се до начелото дека лажица брашно е исто што и лажица шекер
  • Исхраната богата со диетални влакна е составен дел од исхраната за лицата со намалена толеранција на гликоза или развиен облик на дијабетес.
  • Во вашата исхрана користете храна која содржи изобилство на диетални влакна (целулозни растителни влакна), како што се мешунките, производите од цели зрна, зеленчукот, овошјето.

Пријатели и поддржувачи