ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Леб со семки

Состојки:

  • 3-4 лажици сусам
  • 3-4 лажици мелен лен
  • 2 лажици мелени семки од тиква
  • 3 лажици мелени семки од сончоглед
  • 5 лажици овесни трици
  • 5 лажици мелени бадеми
  • 1 лажица псилиум
  • 1 и 1/2 лажички прашок за пециво
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 јајца
  • 2 dl кисела павлака или јогурт

Постапка:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Прво измешајте ги сите суви состојки. Во сувите состојки измешајте две изматени јајца, маслиново масло и јогурт или павлака. Добро измешајте.
  3. Истурете ја смесата во сад покриен со масна хартија, или во силиконски сад за леб. Рамномерно распоредете ја смесата.
  4. Печете 40-45 минути. По печењето извадете го од калапот и завиткајте во крпа.

Лебот најдобро се чува завиткан во крпа. Ја одржува свежината 3-4 дена.

Извор:https//typeoneprincess.com