ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Леб со бадемово брашно – богатство на протеини и влакна

Една од намирниците што спаѓа во категоријата „богати со влакна“ се бадемите, односно бадемовото брашно кое без проблем го заменува пченичното брашно.

Подготовка: 50 мин

Состојки:

  • 3/4 шолја бадемово брашно (голема шоља за чај)
  • 2 лажици кокосово брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2 лажички псилиум во прав
  • 3 цели јајца
  • 1 белка од јајце
  • малку сол
  • 2 лажици јаболков оцет

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Прво измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги влажните состојки. Ако смесата е премногу густа, можете да додадете малку вода.
  3. Смесата истурете ја во подмачкана тава (по можност со кокосово масло) и печете 35-40 минути.

Извор:https://www.tvornicazdravehrane.com/