Време за припрема: 30 мин. Порции: 4
Состојки:
- 2 парчиња пилешки стек
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 лажичка мелен црн бибер
- малку брашно
- 3 лажици маслиново масло
- 1 пакување 500 гр. печурки, исечени
- 1-2 чешниња лук
- малку зачин мајчина душичка
- 3 лажици балсамико оцет
- 200 мл. несолена пилешка супа
- 100 гр. крем сирење со мала маснотија
- 1 лажичка сенф
Постапка:
Исечете ги на пола (хоризонтално) парчињата пилешки стек и набрашнете ги. Зачинете со сол и бибер.
- Загрејте го маслото во голема нелеплива тава на средно-јак оган. Додадете го пилешкото и гответе додека не порумени по 3 до 4 минути од секоја страна . Парчињата префрлете ги во чинија.
- Вратете ја тавата на средно-јак оган. Додадете ги печурките и преостанатите 2 лажици масло,гответе додека не поруменат, околу 5 минути. Промешајте ги печурките, додадете лук и мајчина душица. Гответе мешајки, уште 2 до 3 минути.
- Додадете балсамико оцет и супа, да проврие а потоа додадете го крем сирењето да се стопи,сенфот и по потреба сол и бибер.
- Вратете го пилешкото во тавата; намалете ја топлината на средно-ниска и гответе уште 1 до 2 минути. Украсете со дополнителни листови мајчина душица пред сервирање, по желба.
Нутриционистички факти (по порција)
- Калории 335
- Масти 16 гр.
- Јаглехидрати 17 гр.
- Протеини 30 гр.
