Одржувањето на гликемијата во крвта во целни нивоа, со избегнување на нагли скокови и спречување на ниски вредности, може да ви помогне да се чувствувате подобро. Многу луѓе, кои се придржуваат на насоките и успеваат во одржувањето на гликемијата во целни нивоа, постигнуват и подобар квалитет на живот:
- Подобро ниво на енергија
- Подобро расположение
- Помалку инфекции
- Поголема способност за оздравување при болести
- Помалку глад и жед
- Помала потреба за често мокрење
За повеќето возрасни лица со дијабетес кои се на инсулин, препорачани се следните две целни нивоа:
- Пред оброк : помеѓу 4,4 и 7,2 mmol/L
- Два часа после оброк: помалку од 10 mmol/L
Некои здравствени работници предлагаат пониски цели за шеќер во крвта : под 6,1 mmol/L пред оброк и под 7,8 mmol/L два часа после оброк и тоа ниво да се одржува приближно 70% од денот доколку може безбедно да се постигне без да се предизвика хипогликемија -низок шеќер во крвта. Со вашиот лекар може да одредите кој опсег на шеќер во крвта е најдобар за вас.
Целниот опсег на шеќер во крвта не е единствен за сите. Тој се разликува врз основа на фактори како што се вашата возраст и други состојби што ги имате. На пример, целниот опсег е построг за бремените жени и помалку строг за луѓето кои се со ризик од низок крвен шеќер.
Нивото на шеќер може да го мерите со стандарден глукометар или можете да користите уред, систем со континуиран монитор на гликоза CGMs (Continuous Glucose Monitors systems).
Една од придобивките од користењето на CGMs е тоа што редовно мери, собира и пренесува податоци за шеќерот во крвта и може да ве извести ако шеќерот во крвта ви е висок или низок или е во тренд нагоре или надолу.
Добар начин да го држите шеќерот во препорачаниот целен опсег е преку: следење на планот за исхрана , редовно вежбање и земање инсулин и/или други лекови за дијабетес препорачани од вашиот лекар.
Но и други работи освен јадење и вежбање влијаат на вашиот шеќер во крвта. На пример, шеќерот во крвта може да се зголеми или намали кога сте уморни, прескокнувате оброци или доживувате стрес. Следејќи го шеќерот во крвта , можете да дознаете што предизвикува шеќерот во крвта да оди над или под целта. Така может да донесувате одлуки кои корекции во вашиот начин на живеење треба да ги направите.
Ако имате проблем да го задржите шекерот во крв во препорачаниот опсег, разговарајте со вашиот лекар. Можеби ќе препорачаат промени во животниот стил, промени во лековите или уреди со технологија за дијабетес што можат да ви помогнат.