ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Дијабетес Тип 1 и мултиморбидети

Голем број пациенти со Тип 1 имаат две или повеќе хронични здравствени состојби во исто време. Во светот, преваленцата на мултиморбидитетот е проценета на 37,2%, при што повеќе од половина од глобалната возрасна популација над 60 години пријавила мултиморбидна состојба.

Дијабетес тип 1 и мултиморбидитет

Неодамнешните опсервациски студии покажале дека возрасните пациенти со Тип 1 често се мултиморбидни. Ретроспективна студија од 2022 година покажа дека во просек, на секој пациент со Тип 1 му биле дијагностицирани 3,1 други различни нарушувања. Овој број е значително повисок во споредба со исти пациенти без дијабетес, кои имале во просек 2,5 нарушувања. Најчестото нарушување кај пациентите со Тип 1 е артериска хипертензија , проследена со дислипидемија и дијабетична невропатија . Истражувачите објавиле дека зголемената возраст има најсилна поврзаност со мултиморбидитетот ,вклучително и повисоки вредности на HbA1c. Просечниот број на нарушувања бил малку повисок кај женските пациенти отколку кај машките пациенти.

Спроведени студии од 2023 година покажале дека секое ментално нарушување, депресивност и анкциозност е зголемено кај пациенти со Tип 1.

Покрај тоа, во 2020 година се истражувало влијанието на истовремените автоимуни болести кај пациентите со Tип 1 и објавено е дека 27% од нив имаат најмалку една коегзистирачка автоимуна болест од кои најчести се хипотироидизам , ревматоидниот артритис и целијачната болест. Истражувачите откриле дека ризикот од бубрежна инсуфициенција, исхемичен мозочен удар и миокарден инфаркт значително се зголемуваат како што се зголемува бројот на истовремени автоимуни болести.

Надминување поврзано со начин на живот

Начинот на живот, како што се исхраната и вежбањето, се истакнати како начини за подобрување на здравјето кај младите и возрасните со Tип 1, исто така и зголемување на гликемиската контрола што пак доведува до намалување на предвремената смртност.

Внесот на високо ниво на влакна ( 35 гр./ден) го подобрува кардиометаболното здравје и го намалува ризикот од предвремена смртност во споредба со внесот со помалку влакна за возрасни на кои им бил дијагностициран предијабетес, дијабетес тип 2 или тип 1. Студиите исто така покажале дека пациентите со Tип 1 кои се на медитеранска диета и диетални пристапи за запирање на хипертензијата може да помогнат во намалувањето на идните кардиоваскуларни настани .

За педијатриските пациенти, придржувањето кон медитеранската исхрана во текот на 6 месеци, значително ја подобрила гликемиската контрола, ја подобрила гликозата во крвта „време во опсег“  до 63%, намалена е дозата на инсулин од 0,76 u/kg на 0,72 u/kg, намален е дијастолен крвен притисок и намален е LDL холестерол.

Програмите за вежбање кои вклучуваат тренинзи со отпор се покажаа добри за гликемиската контрола кај пациентите со Tип 1. Едно мало контролирано клиничко испитување покажува дека неделните јога сесии како дополнителна терапија за Тип 1 значително ја намалуваат депресијата кај адолесцентните девојчиња со Tип 1. Во споредба со непрекинатото седење, прекинато седење со изложување на светлина, движење од 30 минути значително ја намалува просечната гликоза.

Извор : https://www.ifm.org/news-insights/type-1-diabetes-and-multimorbidity/