Дали луѓето со дијабетес можат да јадат мед е прашање на кое одговорот е – НЕ. Сепак, новите научни истражувања се за промена на овој став. Истражувањата дури сугерираат дека консумирањето мед може да донесе подобрување во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, губење на тежината и подобрување на целокупното здравје на дијабетичарите.
Дали медот, ќе ви наштети или ќе ви помогне во борбата против дијабетесот?
Иако се докажани многу лековити својства на медот, во претходните децении често слушавме дека дијабетичарите треба да се откажат од производот, кој го нарекуваме и суперхрана. Новите генерации на научници ги оспоруваат претходните теории, докажувајќи дека медот сепак може да има корисни ефекти врз цревната флора, работата на гастроинтестиналниот тракт, црниот дроб и панкреасот.
Врз основа на студии кои вклучиле студии на животни, постојат индикации дека медот може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта и да придонесе за намалување на метаболичките нарушувања поврзани со гликемијата.
Неколку различни студии покажаа дека медот во умерени количини не само што е поприфатлив од повеќето обични шеќери или засладувачи, туку и го намалува нивото на гликоза во крвта. Предклиничките студии на животни му даваат шанса на медот наскоро да биде препознаен како антидијабетичен агенс. Засега, спроведените испитувања даваат само добра основа за понатамошни клинички испитувања.
Дали медот е потенцијален антидијабетик?
Новите сознанија би ги израдувале стотиците милиони луѓе ширум планетата. Сe проценува дека до 2030 година бројот на заболени од дијабетес во светот ќе се зголеми на 643 милиони. Научниците со децении се посветени на создавање на најефикасните антидијабетични лекови. Но, во последниве години, фокусот се враќа на наоѓање одговори во природата. Најхранливиот природен производ во светот – медот – е на листата на потенцијално нови антидијабетични лекови.
Кои состојки го прават медот толку уникатна храна?
Медот се користи илјадници години во превенција и третман на разни болести, за зајакнување на имунитетот, но и како козметика. На составот на овој непреработен природен производ влијаат многу фактори, пред се географското потекло, климатските услови, ботаничките извори на нектар, но и самата техника на преработка. Во зависност од тоа дали во примерокот од медот доминира поленот на еден вид растение или не, медот го класифицираме во две основни групи: едноцветен и мултифлорален.
Медот содржи најмалку 181 состојки и дека главно се состои од моносахариди и олигосахариди. Пчелите исто така го збогатуваат медот со витамини, елементи во трагови, амино киселини, минерали, протеини и други корисни материи. Овој пчелен производ има силни антивоспалителни и антимикробни својства и се користи во лекувањето на луѓето од памтивек.
Ефектот на медот врз телото
Докажано дека медот е пријател на вашето срце и крвните садови, го намалува крвниот притисок, ја обновува функцијата и ткивото на црниот дроб и има антиоксидативно дејство.
Научно потврдено дека медот има антибактериски, антивирусни и антиинфламаторни својства, а неговата ефикасност дури е докажана и во борбата против туморите.
Неодамна објавените експериментални и клинички наоди ги покажуваат ефектите на медот врз гастроинтестиналниот тракт, цревната флора, црниот дроб и панкреасот.
Ефектот на консумирањето мед врз контролата на шеќерот во крвта
Студиите направени на животни покажуваат дека овој пчелен производ може да доведе до подобрување на контролата на шеќерот во крвта, исто така и на метаболичките нарушувања. Објаснувањето лежи во фактот дека фруктозата, како еден од јаглехидратите во медот, го намалува нивото на шеќер кај пациентите со дијабетес.
Како?
Бидејќи фруктозата го продолжува празнењето на желудникот и ја успорува апсорпцијата во цревата. Други супстанции од медот го одложуваат варењето, што исто така доведува до намалена гликемија. Исто така, се верува дека фруктозата ја намалува потребата за храна, што последователно може да доведе до губење на тежината кај дебелите луѓе. Потсетуваме дека дебелината е еден од најчестите фактори на ризик за дијабетес.Така, една неодамнешна студија покажа дека нискиот или умерениот внес на фруктоза, заедно со природните овошни додатоци, доведува до губење на тежината. Но спротивно, ако внесувањето на фруктоза е прекумерно, ќе ги зголемиме килограмите.
Засега е познато дека моносахаридите (фруктоза и гликоза) и дисахаридите (сахароза и малтоза) присутни во медот можат да придонесат за заштита на гастроинтестиналниот тракт. Медот има уште една потенцијална улога – го намалува растот на бактеријата Helicobacter pylori, која инаку, е најчеста причина за дуоденален улкус.
Нашироко е познато колку е важна цревната флора за здравјето на луѓето. Цревната флора не е важна само за здравјето на цревата, туку може да влијае и на неколку функции во системските органи, како што се црниот дроб и мозокот. Иако цревната флора не може директно да се поврзе со дијабетесот, најновите сознанија за нејзините системски ефекти укажуваат на можноста за влијание на нивото на гликемија во организмот.
Како медот влијае на отпорноста на инсулин и дебелината
Она што го знаеме е дека нерамнотежата на цревната флора може да влијае на развојот на инсулинска резистенција и дебелината. Јасно е дека медот има пробиотски потенцијал и ја зголемува популацијата на корисни бактерии во организмот. Овие корисни бактерии, како што се лактобацилите и бифидобактериите,се познати како незаменливи состојки на пробиотските препарати кои денес се широко распространети на пазарот.
Затоа, медот како додаток во исхраната за дијабетичарите може да го подобри здравјето на цревата и последователно да придонесе за подобро регулирање на нивото на гликоза со механизми кои науката допрва треба да ги објасни.
Медот содржи и голем број минерали како цинк, селен, бакар, калциум, калиум, хром, манган… Некои од нив, како манган, бакар и цинк, се познати по тоа што играат значајна улога во намалувањето на покаченото ниво на шеќер во крвта и имаат корисен ефект при нарушувања на толеранцијата на гликоза и лачењето на инсулин, панкреасниот хормон.
Дали медот е подобра опција од засладувачите?
Луѓето кои се нетолерантни на гликоза подобро го поднесуваат медот од другите засладувачи. Луѓето со дијабетес понекогаш се во искушение да го прекршат правилото и да јадат „нешто слатко“. Од сите слатки искушенија, медот е секако најздравиот избор.
Што покажаа студиите на животни?
Конечно, кај дијабетес дијагностициран кај животни, постојат многу убедливи докази дека медот има антидијабетични својства, но истото не е потврдено кај луѓето и до сега нема сигурни клинички испитувања.
Идните клинички студии треба да бидат добро дизајнирани,со испитувањата треба да се опфатат луѓето кои страдаат од дијабетес и на крај, да се видат краткорочните и долгорочните ефекти од додавањето мед во исхраната.
Сегашните сознанија ја зголемуваат надежта дека можеби сме на прагот да дознаеме дека медот влијае на состојбата при нарушени нивоа на шеќер во крвта. Наше е да бидеме трпеливи, додека науката не го даде последниот збор!
извор: https: //www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3399220/