ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Хром и придобивки

Дијабетесот е најчестата ендокринолошка болест која има карактеристики на модерна епидемија. Кај популацијата на возраст од 40 до 74 години, 40% од луѓето имаат преддијабетес, односно состојба со висок ризик за развој на дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Отпорноста на инсулин е состојба на преддијабетес и му претходи на дијабетесот тип 2 . Всушност, отпорноста на инсулин започнува со години пред дијагнозата на T2Д, дури и пред да се препознае преддијабетесот. Пациентите со отпорност на инсулин и T2Д имаат зголемена склоност кон повеќекратен, поврзан морбидитет кој вклучува периферна васкуларна болест, исхемична срцева и миокардна болест како и макроваскуларни и микроваскуларни компликации.

Местото на хромот во лекувањето на дијабетесот се дефинира со неговата улога во организмот. Хромот е суштински микроелемент, неопходен за нормално функционирање на организмот и треба да се внесува со храна. Недостатокот на хром во исхраната може да доведе до нарушување на регулацијата на шеќерот и отпорноста на инсулинот. Хромот го подобрува ефектот на инсулинот и го одржува нормалното ниво на шеќер во крвта, го зголемува нивото на ХДЛ (добриот) холестерол и истовремено го намалува нивото на вкупниот холестерол и ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Кај пациентите со дијабетес, а особено кај оние кои веќе имаат кардиоваскуларни заболувања, постои намалена концентрација на хром во организмот, како и потреба од надополнување на овој микроелемент. Препорачаната дневна доза на хром е од 50 до 200 микрограми

Денес, кога дијабетесот и дебелината добиваат епидемиски размери, потребно е внесување на хромот како додаток во исхраната ,бидејќи го компензира недостатокот и го намалува ризикот од развој на болести.

Хромот е есенцијален минерал, кој спаѓа во микроелементите бидејќи го има во мали количини во организмот и е неопходен за нормално функционирање на човечкото тело.

Се препорачува за:

• дијабетичари со цел да се зголеми ефикасноста на инсулинот и да се намали покаченото ниво на шеќер во крвта

• лица со зголемен ризик од развој на дијабетес (намалена толеранција на гликоза, дебелина, висок крвен притисок, зголемено ниво на маснотии во крвта).

• луѓе со зголемена тежина со цел да се подобри толеранцијата на гликоза, да се намали телесната тежина и да се регулира нивото на холестерол,

• спортисти со цел зголемување на мускулната маса и сила, враќање на енергетските резерви во мускулите и подобро „согорување“ на масните наслаги,

• срцеви пациенти во фаза на опоравување по срцев удар кога се јавува дефицит на хром

• луѓе кои се хранат неправилно со цел да се одржи нормалната содржина на хром во телото и да се спречат нарушувања предизвикани од неговиот недостаток.