- Леќата е семе од семејството на мешунки. Постојат различни видови леќа и често се категоризирaат според нивната боја, која може да варира од жолта и црвена до зелена, кафеава или црна. Таа е преполна со витамини од групата Б, како и магнезиум, цинк, железо и калиум. Содржи повеќе од 25% протеини, што ја прави одлична алтернатива за месо. Богата е со диететски влакна кои помагаат за редовно празнење на цревата како и за растот на здравите цревни бактери
- Исто така, леќата е богата и со полифеноли (процијанидин и флаваноли) фитохемикалии кои штитат од хронични болести како што се срцеви заболувања и дијабетес тип 2
- Во една студија на која наидов вели дека придобивките од намалување на нивото на шеќер во крвта не се должи само на содржината на јаглехидрати, масти и протеини во леќата туку и на другите компоненти која таа ги содржи, пособено овие полифеноли.
Исто така истите имаат и силни антиоксидантни, антиинфламаторни и невропротективни ефекти.
- Во една студија биле тестирани полифенолите од леќата и резултатите кои ги добиле се дека го намалуваат растот на канцер клетките особено канцерогените клетки на кожата.
Битно е што овие полифеноли не ги губат своите својства при готвењето.
- Исто така, во друга 8-неделна студија од 39 луѓе, со прекумерна тежина и дијабетес тип 2 се покажало дека јадењето 1/3 чаша (60 грама) леќа секој ден го зголемува нивото на HDL (добар) холестерол и значително го намалува нивото на LDL (лошиот) холестерол и триглицериди.
- Леќата може да помогне и во намалување на крвниот притисок. Една студија покажа дека оние кои јаделе леќа имале поголемо намалување на крвниот притисок од оние кои јаделе грашок, наут или грав.
- Во друга студија се докажа дека протеините во леќата можат да го блокираат ензимот што го конвертира ангиотензин I, кој предизвикува стегање на крвните садови односно зголемување на крвниот притисок.
- Високите нивоа на хомоцистеин ( аминокиселина која ја има во црвеното месо и млечни производи) е уште еден фактор на ризик за срцеви заболувања. Таа може да се зголеми кога нашиот внес на фолати во исхраната е недоволен. Бидејќи леќата меѓудругото е и одличен извор на фолати, може да помогне и да спречи акумулирање на вишокот хомоцистеин во нашето тело.
- Од друга страна леќата содржи така наречени “антинутриенти” кои може да ја нарушат апсорпцијата на некои хранливи материи.
Како на пример инхибитори на трипсин ( ензим кој вообичаено помага во разградувањето на протеините од нашата исхрана) , лектини кои можат да ја нарушат цревната бариера и да ја зголемат интестиналната пропустливост, танини кои можат да се врзат за протеините и да ја спречат апсорпцијата на одредени хранливи материи ( пособено железото), фитатите кои можат да ги врзат минералите како што се железото, цинкот и калциумот, намалувајќи ја нивната апсорпција.
- НО овие така наречени антинутриенти во леќата (танини, лектините и фитатите) докажано е дека поседуваат антиканцерогени и антибактериски својства и за да се случат горенавеените ситуации треба да се изеде преголемо количество на леќа.
- Сепак ако сакате да ги контролирате овие таканаречени “антинутренти” секогаш натопете ја леќата преку ноќ и фрлете ја водата пред да готвите.
Нутрициониста Вероника Минов

