Основни податоци и клучни пораки на IDF (International Diabetes Federation)
Светскиот ден на дијабетесот (WDD) беше промовиран во 1991 година од страна на IDF и Светската здравствена организација како одговор и загриженост за растечката здравствена закана што ја претставува дијабетесот за јавното здравје и модерната цивилизација.
Светскиот ден на дијабетесот стана официјален ден на Обединетите нации во 2006 година, со усвојувањето на Резолуцијата 61/225 на Обединетите нации.
Секоја година се слави на 14 ноември, на роденденот на Сер Фредерик Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест го открил инсулинот пред повеќе од сто години, односно во 1922 година.
Светскиот ден на дијабетесот е најголемата светска кампања за подигање на свеста за дијабетесот, која допре до глобална публика од преку 1 милијарда луѓе во над 166 земји. Кампањата го привлекува вниманието на прашањата од најголемо значење за населението кое боледува од дијабетес и се обидува да го задржи дијабетесот во центарот на вниманието, како во јавноста, така и во политиката.
Кампањата за Светскиот ден на дијабетесот има за цел да биде:
- Платформа за промовирање и нагласување на важноста на пораките на IDF во текот на целата година.
- Глобален двигател за преземање координирани и усогласени акциии за справување со дијабетесот како критичен глобален здравствен проблем денес.
Кампањата е претставена со логото на синиот круг кое беше усвоено во 2007 година, по усвојувањето на Резолуцијата на ОН за дијабетес.
Синиот круг е глобален симбол за свесност за дијабетесот и го претставува единството на глобалната заедница за дијабетес во одговор на пандемијата на дијабетес.
Секоја година, кампањата за Светскиот ден на дијабетесот се фокусира на одредено актуелно прашање, кое потоа трае една или повеќе години. Темата на Светскиот ден на дијабетесот во периодот 2021-23. беше : Пристап до нега на дијабетес.
- Милиони луѓе со дијабетес ширум светот немаат пристап до соодветна грижа за нивната болест.
- На луѓето со дијабетес им е потребна постојана грижа и поддршка за успешно управување со нивната состојба и избегнување дополнителни здравствени компликации.
Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) е посветена на олеснување на пристапот до едукација за сите луѓе со дијабетес и за сите луѓе кои работат со дијабетес.

Организацијата IDF вели дека не можат повеќе да чекаат за:
- Лекови, технологија, поддршка и нега што треба да им бидат достапни на сите луѓе со дијабетес на кои истите им се повеќе од неопходни.
- Владите на сите земји треба да ги зголемат инвестициите во грижата и превенцијата на дијабетесот.
Слоганот на IDF за 2024 е “Дијабетесот и благосостојба”
Слоганот за кампањата на IDF за Светскиот ден на дијабетесот во 2023 беше „Знај го ризикот, знај го твојот одговор“.
Во 2023 фокусот беше на важноста да се знае вашиот ризик од развој на дијабетес тип 2 и да се нагласи потребата за пристап до вистинските информации и грижа за управување со компликации поврзани со дијабетес.
Стогодишнината од откривањето на инсулинот претставува можност да се направат значајни промени за повеќе од 530 милиони луѓе кои живеат со дијабетес и милиони други изложени на зголемен ризик. Затоа, во 2022 година, кампањата е фокусирана на потребата од пристап до квалитетно образование за дијабетес како за здравствените работници, така и за луѓето кои живеат со дијабетес.
Еден од 10 возрасни луѓе во светот живее со дијабетес, што моментално изнесува 537 милиони луѓе. Речиси половина од пациентите не ни знаат дека ја развиле оваа болест.
Здравствените работници треба да бидат обучени за рано откривање и дијагностицирање на дијабетесот со максимално искористување на ограниченото време што го имаат на располагање и да овозможат најдобри совети и грижа за луѓето кои живеат со дијабетес.
Повеќе од 95% од времето, луѓето кои живеат со дијабетес се грижат сами за себе. Потребен им е пристап до едукација за да ја разберат нивната состојба и да вршат секојдневни интервенции, кои се неопходни за зачувување на здравјето и избегнување дополнителни компликации.
Што велат фактите и бројките?
Атласот за дијабетес на IDF ги дава најновите бројки, информации и проекции за глобалното влијание на дијабетесот.
- 537 милиони возрасни (1 од 10) живееле со дијабетес во 2021 година. Овој број се очекува да се зголеми на 643 милиони до 2030 година и 783 милиони до 2045 година, што значи дека 1 од 8 возрасни ќе живеат со дијабетес, што е зголемување за 46%.
- Скоро 1 од 2 возрасни (44%) со дијабетес остануваат недијагностицирани Повеќето од споменатите развиле дијабетес тип 2.
- 3 од 4 лица со дијабетес, живеат во земји со низок и среден приход.
- 541 милион возрасни се изложени на зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2.
- Повеќе од 1,2 милиони деца и адолесценти (0-19 години) живеат со дијабетес тип 1
- Се проценува 6,7 милиони смртни случаи од дијабетес во 2021 година.
Дијабетесот беше одговорен за најмалку 966 милијарди долари во трошоците за здравствена заштита во 2021 година – што беше 9% од вкупните глобални трошоци за здравствена заштита.