ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Што ние можеме да направиме за да се справиме со дијабетесот

За да се справиме со дијабетесот треба да престанеме да консумираме одредена храна. Некоја храна има силно влијание врз нивото на шеќер во крвта затоа исклучете ја следната храна од менито:

 

РАФИНИРАН ШЕЌЕР: Рафинираниот шеќер значително ја зголемува количината на гликоза во крвта. За ова обично се одговорни засладените течности, овошните сокови и други засладени пијалоци. Тие содржат видови на шеќер кои брзо влегуваат во нашиот крвоток, што значително го зголемува нивото на гликоза во крвта. Иако природните засладувачи како што се мед или јаворов сируп обично се подобар избор, тие исто така можат да влијаат на нивото на шеќер во крвта, затоа консумирајте ги само повремено. Најдобар избор е еритритол и стевиа -природни засладувачи кои немаат ефект врз нивото на шеќер.

ОДРЕДЕНИ ЖИТАРИЦИ:   Житариците, особено оние што содржат глутен, како што е пченицата, содржат големи количини на јаглехидрати кои се разложуваат на шеќери во рок од неколку минути по консумирањето. Глутенот може да предизвика воспаление на цревата кое влијае на хормоните кортизол и лептин и доведува до покачено ниво на шеќер.

Да се  вклучат повеќе древните житарки како што се леќата, просото, овесот и јачменот.

ГМО ПРОИЗВОДИ И ПАКУВАНА ХРАНА:  Избегнувајте ги сите ГМО производи и пакуваната храна. Употребата на генетски модифицирана пченка, соја и др. е поврзано со црниот дроб и бубрезите, што придонесува за развој на компликации од дијабетес.

КРАВЈО МЛЕКО: Млечните производи можат да бидат одлични хранливи материи за регулирање на шеќерот во крвта, но само ако користиме козјо или овчо млеко и производи. Кравјото млеко мора целосно да се исфрли од исхраната доколку не е од домашно производство.

АЛКОХОЛ: Алкохолот може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да доведе до труење на црниот дроб. Пред многу години, една медицинска студија покажала дека висок процент случаи на дијабетес се поврзани со прекумерно консумирање алкохол, што е околу три пијалоци или повеќе на ден. Пивото и слатките ликери имаат особено високо ниво на јаглехидрати, па мораме да ги избегнуваме.

МАСЛА:  Избегнувајте кое било масло загреано на голема температура

2. ВКЛУЧЕТЕ ВАЖНИ КОРИСНИ ХРАНИ ВО ВАШАТА ИСХРАНА

За да се спречи дијабетес тип 2 или да се помогне во регулирањето, треба да се вклучи следната храна:  

ХРАНА БОГАТА СО ВЛАКНА:  Истражувањата покажуваат дека 90% од населението не троши доволно влакна дневно. Храната богата со растителни влакна забавува апсорпција на гликоза, го регулира шеќерот во крвта и помага во детоксикација. Потребно е да се консумираат најмалку 30 грама влакна дневно, кои може да се најдат во зеленчук (зеље, грашок и артичок), авокадо, јагоди, јаткасти плодови, овошје и семиња, особено во семето чиа и семето од лен.

ХРАНА БОГАТА СО ХРОМ:  Хромот е минерал кој е вклучен во распаѓање на јаглехидрати и масти. Храната која содржи многу хром ја зголемува толеранцијата на телото на гликоза и природно го регулира нивото на шеќер во крвта. Брокулата содржи најголемо количество на хром, кој исто така се наоѓа во кравјото сирење, гравот, пивскиот квасец и домашниот квасец,говедското месо.

 

ХРАНА БОГАТА СО МАГНЕЗИУМ:  Магнезиумот помага во регулирањето на шеќерот во крвта бидејќи делува во разградувањето на гликозата. Истражувањата покажуваат дека дијабетесот е често поврзан со недостаток на магнезиум. Храна богата со магнезиум: спанаќ, ракчиња, семки од тиква, бадеми, јогурт и црн грав.

  

ЗДРАВИ МАСТИ:  Масни киселини со среден ланец кои се наоѓаат во кокосовото масло го регулираат шеќерот во крвта. Користењето на кокосовото масло, Ги-путерот и путер од козјо млеко, маслиново масло, помагаат и во регулирањето на шеќерот во крвта, и треба да ги вклучиме во секојдневната исхрана.

  

БЕЛКОВИНИ/ПРОТЕИНИ:  Внесувањето белковини/ протеини има минимални ефекти врз нивото на гликоза во крвта и може да ја забави апсорпцијата на шеќерот во крв. Најдобар вид посни протеини се природно уловени риби кои се богати со омега 3 масни киселини, говедското месо, домашно пилешко, јајца, леќа и супа од коски.

ХРАНА СО НИЗОК ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС:   Гликемискиот индексот на храна (ГИ) ни покажува која храна е добра за нас а која не кога се зборува за  подигање на нивото на гликоза. Држете се до храна со низок ГИ, како што се зеленчук без скроб, бобинки, јаткасти плодови, семки, авокадо, кокос, јајца, риба и др.