ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Совети за добро управување со нивото на шеќер во крвта

Ако живеете со било кој тип на дијабетес и сакате здрав имунолошки систем, од суштинско значење е ефикасно да управувате со нивото на шеќер во крвта. Еве неколку работи што можете да ги направите за да го одржите шеќерот во крвта штo поблиску до нормалните вредности:

  • Внимавајте на вашата исхрана – Кога станува збор за вашата исхрана, направете правилен избор на храната. Обидете да јадете помалку маснотии, особено заситени масти и да јадете две или три порции посни протеини дневно. Ограничите го внесот на шеќер колку што е можно повеќе. Во меѓувреме, обидете се да не прескокнувате оброци – наместо тоа, имајте три избалансирани оброци на ден во редовни интервали .
  • Бидете физички активни – Редовното вежбање може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта, плус тоа може да му помогне на вашето тело да го користи инсулинот поефикасно. За добри резултати задолжително практикувајте 150 минути умерена активност неделно .
  • Останете хидрирани – Дехидратацијата може да биде сериозен ризик за луѓето со дијабетес, бидејќи може да предизвика зголемување на нивото на шеќер во крвта и да доведе до компликации. Затоа е важно да бидете внимателни и да пиете доволно вода во текот на денот, особено за време на вежбање или топло време. Здравствените експерти препорачуваат луѓето со дијабетес да пијат најмалку 8 чаши вода дневно.
  • Спијте квалитетно – Недостаток на сон е причина за зголемено внесување на храна во текот на денот и најчесто се бира висококалорична храна. Исто така времето на земање на оброците се менува. Јадете во погрешно време,обично покасно во текот на денот или касно навечер. Во текот на денот ќе бидете троми и тешко дека ќе се одлучите за некоја физичка активност или тренинг. Неактивноста заедно со внесената калорична храна доведува до зголемена тежина.