Секое лице со дијабетес треба да го тестира нивото на шеќер во крвта дома. Во повеќето случаи, лекарите бараат да се измери шеќерот во крвта на гладно, веднаш по будењето и пред јадење или пиење било што. Шеќерот во крвта може да се мери и пред оброк или 2 часа по оброкот, кога шеќерот во крвта ќе треба да се врати на нормалните вредности.
Како правилно се мери шеќерот во крв во домашни услови?
- подгответе тест лента и мерач на гликоза
- врвот на прстот од кој се зема крвта се брише со алкохол
- местото од кое се зема крв се стиска и се пробива со игла
- капка крв се аплицира на тест лентата вметната во уредот за мерење
- се читаат вредноста на шеќерот во крвта и времето на мерење.
Нормални вредности на гладно : 4,4 – 6,1 ммол/л
Нормални вредности 2 часа после оброк: до 8,5 ммол/л
Нивото на шеќер во крвта на гладно од 5,9 – 6,9 укажува на преддијабетес.
Друга опција за секојдневна употреба е систем за континуирано следење на гликозата (CGMs). За CGM, едно лице носи уред 24 часа на ден, кој постојано го мери нивото на гликоза во крвта.
Одредување на HbA1C во лабораториски услови.
За дијабетичарите е многу важно да се контролира HbA1c, бидејќи колку се повисоки вредностите, толку е поголема можноста за развој на компликации коишто се поврзани со дијабетесот.
HbA1c го дава просекот на шеќерот -гликозата во последните 3 месеци (12 недели) и се препорачува да се прави најмалку 2 пати годишно за лицата со дијабетес кои имаат стабилни гликемии и на секои 3 месеци кај оние со чести промени и големи варијации или кои имаат промена во терапијата.
Вредности на HbA1c :
- нормално – помалку од 5,7 проценти
- преддијабетес – помеѓу 5,7 и 6,4 проценти
- дијабетес – 6,5 проценти и повеќе.
Преддијабетес е кога нивото на шеќер во крвта е повисоко од нормалното, но не е доволно високо за да укаже на дијабетес.
Низок шеќер во крвта – Премногу низок шеќер во крвта може да предизвика симптоми како што се:
- тресење и потење
- чувство на нервоза
- тешкотии во концентрацијата
- недостаток на енергија
- кожа која изгледа побледа од вообичаено
- замор
- главоболка или болки во мускулите
- брзо и неправилно чукање на срцето
- слабост
- недостаток на координација.
Висок шеќер во крвта – Високиот шеќер во крвта или хипергликемијата ги имаат овие симптоми:
- зголемен глад или жед
- прекумерно мокрење
- заматен вид
- главоболка
- замор.
Leave a Reply
You must be logged in to post a comment.