Иако многумина ја конзумираат пржена, тиквичката треба да се конзумира варена, по можност без да се излупи кората. Така ќе ги задржите нејзините благотворни состојки, особено растителните влакна кои најмногу ги има во кората.
Тиквичката не смее да се чува повеќе од 48 часа во фрижидер, бидејќи ги губи своите хранливи вредности.
Сокот од тиквичката се користи како ефикасен лек за превенција и борба со канцерогените заболувања поради присуството на фитонутритиенти.
За оние кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина и да постигнат добра форма на своето тело, тиквичката е одличен избор.
ХРАНЛИВА ВРЕДНОСТ И ХЕМИСКИ СОСТАВ
Енергетската вредност на 100 гр. тиквички е 17 kcal.
Тиквичките се богати со витамини и минерали како што се:
- Бета-каротен (13,4%) е провитамин А и има антиоксидантни својства,важен е за добар вид и јакнење на имунитетот. Помага во спречување на болести поврзани со стареењето на очите, како што е макуларна дегенерација.
- Витамин Ц (14,3%) учествува во функционирање на имунолошкиот систем, промовира апсорпција на железо. Недостатокот доведува до лабавост и крварење на непцата, крварење од носот поради зголемена пропустливост и кршливост на крвните капилари.
- Витамин К заедно со антиоксидантите лутеин и зеаксантин,влијае на одржување на здравјето на коските
- Калиумот– помага на телото после физички напор а корисен е и за регулирање на крвниот притисок. Интересен е фактот дека тиквичката содржи повеќе калиум од бананата.
- Тиквиците се богати со вода и содржат влакна па поради тоа создаваат чувство на ситост со многу мал внес на калории. Пектинот, еден вид растворливи влакна кои се наоѓаат во тиквичките, е особено ефикасен во намалувањето на вкупниот и лошиот „ЛДЛ“ холестерол. Покрај тоа, влакната од тиквичките придонесуваат за стабилизирање на шеќерот и спречување на пикови после оброк како и подобрена чувствителност на инсулин.
- Калциум -Тиквичките содржат калциум, кој му помага на нервниот систем да функционира правилно и им дава сила на коските и забите.
- Тиквичките се препорачливи и можат да помогнат во намалување на шеќерот во крв кај луѓето со дијабетес бидејќи содржат малку јаглехидрати. Тие се одлична замена за тестенини и како такви треба почесто да се употребуваат.