Дијабетесот тип 2 е доживотна (хронична) болест. Ако имате дијабетес тип 2, инсулинот што вообичаено го произведува вашето тело(панкреасот) или не може правилно да се искористи или е во недоволна количина,па шеќерот од храната останува во крвта и нивото на шеќер (гликоза) во крвта е на превисоко ниво.
Многу луѓе со дијабетес тип 2 имаат прекумерна тежина кога тој им се дијагностицира. Затоа начинот на кој телото се справува со шеќерот во крвта при дијабетес тип 2, обично се одвива бавно.
Симптоми на дијабетес тип 2
Може да немате никакви симптоми но ако се појават, тие вклучуваат:
Глад, жед,често мокрење посебно во ноќните часови, заматен вид, почести или долготрајни инфекции, проблеми со зараснување на рани,исеченици на кожата, црвен осип на кожата, пецкање или губење на осетот во стапалата.
Што треба да преземете?
Треба да имате добра контрола на шеќерот во крвта. Доколку не се контролира, може да настанат проблеми и компликации. Некои компликации може да се случат веднаш, а некои по многу години.
Основни чекори за справување со дијабетесот Тип 2:
Мерење гликемија
- Проверка на шеќерот во крвта во домашни услови. Многу луѓе со дијабетес тип 2 треба да го проверуваат шеќерот во крвта само еднаш или двапати на ден. Некои луѓе треба почесто да проверуваат.
Ако шеќерот во крвта е под контрола, можеби ќе треба да го проверувате шеќерот во крвта само неколку пати неделно.
Најважните причини за проверка на шеќерот во крвта се:
- Следете дали лековите за дијабетес доколку ги земате имаат ризик да предизвикаат низок шеќер во крвта (хипогликемија).
- Измерените вредности на шеќер во крв покажуваат дали треба да ја прилагодите дозата на лекови или инсулин ако го примате.
- Користете ги измерените вредности на шеќер во крвта за да направите добар избор на храна и физичка активност.
Преминување на здрава исхрана.
Храната со шеќер и јаглехидрати може да го зголеми шеќерот во крвта. Алкохолот и другите пијалоци со шеќер, исто така можат да го зголемат шеќерот во крвта.
Погрижете се да знаете како да имате избалансиран оброк со протеини и влакна. Јадете здрава, свежа храна колку што е можно повеќе. Не јадете храна во големи количини. Оброците треба да се мали и чести. Ова помага да го одржите вашиот шеќер во крвта во добар опсег.
Практикување физички активности.
Редовното вежбање е добро за луѓето со дијабетес. Го намалува шеќерот во крвта. Вежбањето исто така, ја подобрува циркулацијата и протокот на крв а го намалува крвниот притисок.
Помага во согорување на дополнителни маснотии за да можете да ја задржите вашата тежина или да ја намалите. Вежбањето дури може да ви помогне да се справите со стресот и да го подобрите вашето расположение.
Обидете се со пешачење, џогирање или возење велосипед од 30 до 60 минути секој ден. Изберете активност во која уживате и на која поверојатно ќе се придржувате. Носете храна или сок со вас во случај шеќерот во крвта да ви се намали повеќе од нормално. Пијте дополнително вода. Обидете се да избегнувате да седите повеќе од 30 минути без да се раздвижите.
Посетете лекар.
Земајте редовно терапија според упатствата на вашиот лекар доколку диетата и вежбањето не се доволни. Постојат многу лекови за дијабетес кои делуваат на различни начини за да помогнат во контролата на шеќерот во крвта. Многу луѓе со дијабетес тип 2 треба да земаат повеќе од еден лек за да го регулираат шеќерот во крвта.
Ако лековите не ви помогнат да го регулирате шеќерот во крвта, можеби ќе треба да земете инсулин. Инсулинот мора да се инјектира под кожата. Ќе добиете специјална обука за да научите како да се инјектира. Повеќето луѓе сметаат дека инсулинските инјекции се полесни отколку што мислеле.
Вашиот лекар исто така ќе ве насочи да направите тестови на крвта или други тестови. Грижете се холестеролот во крвта да ви биде во здрав опсег. Исто така, следете ги упатствата на вашиот лекар за одржување на крвниот притисок во препорачани граници.
Научете како да спречите долгорочни проблеми со дијабетес
- Кај луѓето со дијабетес постои голема веројатност да имаат висок крвен притисок и висок холестерол и ќе ви бидат препишани лекови за да ги спречите или лекувате овие состојби. Лековите може да вклучуваат:
- АКЕ инхибитор или друг лек за висок крвен притисок или проблеми со бубрезите.
- Лек како статин за да одржувате ниско ниво на холестерол.
- Аспирин за да го одржувате вашето срце здраво.
- Не пушете и не користете електронски цигари. Пушењето го влошува дијабетесот.
- Дијабетесот може да предизвика проблеми со стапалата. Може да добиете рани или инфекции. За да ги одржувате вашите стапала здрави:
- Проверувајте и негувајте ги вашите стапала секој ден.
- Осигурајте се дека носите чорапи и чевли кои не ве стегаат. Секојдневно проверувајте ги чевлите и чорапите и проверете дали може да доведат до рани или чиреви.
- Советувајте се со вашиот лекар за нивото на шеќер во крвта (секогаш носете го мерачот со кој го проверувате шеќерот во крвта дома)
- Проверувајте го вашиот крвен притисок
- Проверете го чувството во вашите стапала
- Проверете ја кожата и коските на стапалата и нозете
- Проверете ги бубрезите (секоја година)
- Нивоата на холестерол и триглицериди (секоја година)
- Проверувајте го нивото на HbA1C на секои 6 месеци ако вашиот дијабетес е добро контролиран или на секои 3 месеци ако не е така
- Разговарајте со вашиот лекар за какви било вакцини што можеби ќе ви бидат потребни, како што се годишните вакцини против грип.
- Посетете стоматолог на секои 6 месеци.
- Исто така, посетете го вашиот очен лекар еднаш годишно или почесто ако имате проблеми.