ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Други редовни анализи за луѓето со дијабетес

Нашите доктори ендокринолози и општите лекари не се фокусираат само на нивоата на гликоза во крвта или нивоата на HbA1c кај луѓето кои имаат дијабетес. Оптималното управување со дијабетесот бара фокусирање и на други тестови, вклучувајќи го и крвниот притисок и нивото на холестерол, бидејќи ризикот од компликации поврзани со дијабетес се намалува кога нивото на гликоза во крвта, крвниот притисок и маснотиите во крвта се одржуваат што е можно поблиску до нормалата.

  • Редовно проверувајте го вашиот крвен притисок и лекувајте ако е потребно. За луѓето со дијабетес, целната вредност на крвниот притисок е 130/80 mmHg или пониско.
  • Проверувајте го холестеролот најмалку еднаш годишно. Целта за вредностите на вкупниот холестерол е 4 mmol/L,  LDL холестерол <2mmol/L, HDL холестерол > 1mmol/L и триглицериди <1,8mmol/L.
  • HbA1c ≤53mmol/mol или 7%
  • Индекс на телесна маса (БМИ) <25 кг/м2 каде што е изводливо
  • Потрошувачка на цигари Нула
  • Физичка активност најмалку 30 минути дневно или 150 минути неделно