ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Зошто Б витамините се корисни при менаџирање на дијабетесот

Луѓето со дијабетес, особено со слабо контролирано ниво на шеќер во крвта, често имаат дефицит на микронутриенти. Кај овие луѓе, високото ниво на шеќер во крвта доведува до зголемено мокрење, кое има за цел да го исфрли вишокот шеќер од телото, но тоа доведува и до исфрлање на витамини и минерали и нивно зголемено излачување од телото.

Луѓето со дијабетес кои имаат прекумерна тежина често се придржуваат до одредени диети за намалување на тежината, па во нивната исхрана, витамините и минералите може да бидат дефицитарни.

Освен терапијата (таблети,инсулин), од корист за овие лица се и препаратите со кои може да се забави појавата на компликации поврзани со оваа болест. Тие мултивитамински-минерални комплекси често содржат: витамин Б12, фолна киселина, витамин H – биотин.

Витаминот Б12 (кобалмин) е еден важен витамин од групата Б витамини во третманот на дијабетична невропатија, како и ретинопатија (оштетување на мрежницата на окото).

Витаминот Б7 -Биотин му помага на нашето тело да ги претвори протеините, мастите и јаглехидратите во енергија, со што се активира метаболизмот, овозможува да се нормализира телесната тежина и да се создаваат повисоки нивоа на енергија. Придонесува за одржување на нормални мукозни мембрани и игра посебна улога во искористување на гликозата, со што помага во одржување на нормалното ниво на шеќер во крвта.

Витаминот Б3 (ниацин) е составен дел на елементите за толеранција на гликоза (GTF) и на тој начин влијае на регулацијата на функцијата на инсулинот. Покрај тоа, ги обновува бета клетките на панкреасот и ги поттикнува подобро да произведуваат инсулин.

Витаминот Б6 (пиридоксин) е корисен за намалување на нетолеранцијата на инсулин во третманот на дијабетична невропатија (оштетување на периферните нерви).

Витаминот Б1 (тиамин) е исто така ефикасен во спречувањето на невролошките компликации на дијабетесот.