Дебелината не е само козметичко прашање, туку е хронична состојба па и болест која може да биде придружена со сериозни здравствени проблеми:
📌 Поголема смртност и морбидитет
📌 Намалување на животниот век
📌 Метаболичен синдром, отпорност на инсулин, предијабетес
📌 Дијабетес тип 2, хиперлипидемија, хипертензија
📌 Срцева болест, Коронарна срцева болест, Срцева слабост
📌 Мозочен удар
📌 Венски тромбоемболизам
📌 Поголема инциденца од рак и смртност
📌 Остеоартритис, гихт
📌 Заболување на жолчното кесе, Заболување на замастен црн дроб.
📌 Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ)
📌 Хронична бубрежна болест, бубрежни камења
📌 Уринарна инконтиненција, дијализа и трансплантација на бубрег
📌 Психосоцијална функција: Стигма на дебелина, Депресија, Деменција
📌 Респираторен систем: опструктивна ноќна апнеја, астма
📌 Зголемена подложност на инфекции, вклучувајќи постоперативни, болнички, респираторни, инфекции на кожата и меките ткива. Грип.
📌 Промени на кожата: стрии (striae), Acanthosis nigricans, хирзутизам
📌 Кај мажите, дебелината е поврзана со неплодност и еректилна дисфункција.
📌 Кај жените, дебелината е поврзана со неколку репродуктивни нарушувања, вклучувајќи: неплодност, абнормално крварење на матката, ендометријална хиперплазија/карцином, ановулаторни циклуси/синдром на полицистични јајници (PCOS), миоми на матката, ендометриоза.
📌 Бремените жени со дебелина се исто така изложени на зголемен ризик за голем број мајчински и перинатални компликации.
📌 Дебелината кај потомството: Дебелината на мајката е фактор на ризик за развој на дебелина кај потомството, дислипидемија, дијабетес мелитус тип 2 и хипертензија.
📌 И многу други….
Третманот на дебелината се заснова на 3 столба:
Исхрана, вежбање и животни навики.
Исхрана и диета:
Телото мора да внесе помалку енергија отколку што троши за да овозможи губење на тежината. Внесот на енергија треба да биде приближно 500 kcal, под реалните дневни потреби. На овој начин може да се оствари континуирано губење на тежината од околу 1 до 2 кг месечно.
Не е важно дали намалениот внес на енергија е резултат на намалување на внесот на масти, јаглени хидрати или комбинација од двете. Важно е да се избере форма која ви одговара и е одржлива на долг рок.
Вежбање
Физичката активност води до зголемена потрошувачка на енергија и спречува губење на мускулната маса. Ова има позитивен ефект врз намалувањето на тежината.
Целта е најмалку 150 минути физичка активност неделно. Пешачењето, џогирање, возење велосипед или пливање се идеални.
Исто така, вклучете повеќе движења во вашата секојдневна рутина.
- Одете по скалите наместо со лифтот.
- Изберете да пешачите на кратки растојанија наместо да возите автомобил или да користите автобус.
- Релаксирачка прошетка навечер.
Животни навики
Можеби ќе биде неопходно да се приспособат вашите животни навики со цел да се намали тежината и да се одржи на долг рок.
Учеството во бихејвиоралната терапија може да биде многу корисно за постигнување на оваа цел.
Други опции за третман
Ако основната програма резултира со никакво или мало губење на тежината, може да се користат мерки засновани на лекови или други методи за лекување на дебелината.
Сепак, овие опции за третман се поврзани со потенцијални несакани ефекти и ризици и треба да се земат предвид само кога опциите за конзервативна терапија се целосно исцрпени.