Состојки :
- 1 кг. праз
- 300 гр. домати
- 4 јајца
- 250 гр. павлака (12% м.м.)
- 30 гр. презла
- сол, зачини по вкус
- 20 гр. сецкан магдонос
- 15 гр. лук (5-6 чешниња)
Подготовка :
- Исчистете го празот, исечете го по должина и добро измијте го. Исечете го на парчиња долги околу 5 см и ставете го во врела вода, па варете го околу 10 минути.
2. На врело масло пропржете го сварениот праз и ситно сечканиот лук, зачинете по вкус, а на крајот додадете го сечканиот магдонос.
3. Со масло премачкајте огноотпорен сад и на дното ставете половина од подготвениот праз.
4. Наредете ги доматите исечени на прстени, посипете ги со презла и покријте ги со преостанатиот праз.
5. Јајцата се матат во длабок сад, се додаваат павлаката и зачините и се прелива преку празот.
6. Тавата ставете ја во рерна, загреана на 200º и печете 15-20 минути.
Послужете топло, со варено или печено месо или послужете како лесен, нискокалоричен посебен оброк.
Нутритивен состав :
100 гр. готов оброк содржи
- Килокалории 67
- Јаглехидрати 5,9 гр
- Протеини 3,8 гр
- Масти 3,1 гр
- Диететски влакна 1,5 гр
- Гликемиски индекс 26
- Гликемиско оптоварување 1,5
Извор: https://carobna-kuhinja.com/