ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Баунти (посни) бомбици

Кога Ви се јаде нешто слатко, а мислам дека повеќето имаат потреба во текот на денот, пробајте тоа пред се да ви биде вкусно но и здраво.

Овие бимбици се токму тоа, вкусни и здрави а и плус се спремаат за 15 мин.

Состојките се следни:

урми,бадеми, кокос, темно какао и кокосов путер. Сите здрави на свој начин.

Плус покрај што се благи, се и со понизок ГИ ( комбинација од диетески влакна, протеини и масти), што значи не засладуваат а воедно ни даваат постабилна енергија.

Супер опција за вегани, вегетерјанци, секој кој следи безглутенска исхрана, дијабетичари, деца и за секој кој сака да се исхранува здраво и да еве има моменти на задоволство.

Се спремаат на следниот начин:

  • 100 грама бадеми
  • 10-12 свежи урми
  • 4-5 супени лажици кокос
  • 1 супена лажица какао
  • 1 лажица кокосов путер(стопен).

Сето тоа заедно се блендира и од така блендираната смеса се прават топчиња кои потоа се валкаат во кокос или темно какао или пак темно стопено чоколадо.

Од оваа доза се добиваат околу 7 бомбици, за повеќе дуплирајте доза.

И тоа е тоа, уживајте

Нутриционист, Вероника Минов