Лимета, морков и ѓумбир измешани заедно создаваат пијалок кој – не само што освежува, туку ќе го наполни телото со витамини, минерали и други хранливи материи. Ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе ве заживее кога ви е најпотребно.
Состојки:
- Две лажици сецкан излупен ѓумбир,
- 250 милилитри свеж сок од морков,
- 125 милилитри свеж сок од лимета,
- 80 милилитри вода
Подготовка:
Ѓумбирот и водата ставете ги во мало тенџере на средна топлина и мешајте додека не зоврие. Кога ќе зоврие тргнете го од оган и оставете да отстои десетина минути. Добиената течност процедете ја и почекајте да се излади. Потоа додадете ги сокот од морков и лимета кои претходно сте ги направиле со помош на соковник и цедалка. Добро измешајте и чувајте го во фрижидер, а можете да послужите со мраз.
Напомена:
Само еден морков со средна големина со тежина од околу 60 грама содржи:
- 25 калории
- 5,8 грама јаглени хидрати
- 1,7 грама влакна
- 0,9 грама протеини
- Калциум, калиум, лутеин, бета каротен
- Витамини Е, К, Ц и А