ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

10 работи кои може да влијаат на шеќерот во крвта

Можеби добро се справувате со дијабетесот, но има фактори кои можат дополнително да  влијаат и тоа на начин на кој не сте очекувале.

Еве што друго може да влијае и да ви предизвика зголемување или намалување на шеќерот во крвта освен храната, вежбањето и инсулинот.

1 – ТОПЛИНА

Екстремната топлина (во бањи, топли кади или престојување на јако сонце) може да предизвика проширување на крвните садови, што прави инсулинот побрзо да се апсорбира и може да доведе до ниско ниво на шеќер во крвта.

2 – НЕДОСТАТОК НА СОН

Дури и една ноќ без сон може да доведе до одредена отпорност на инсулин.

3 – КАФЕ

Како резултат на ефектите на кофеинот, кај некои луѓе тоа доведува до зголемување или намалување на шеќерот во крвта после пиење кафе од причина што одредени луѓе се почувствителни на кофеин.

4 – ВЕШТАЧКИ ЗАСЛАДУВАЧИ

Неколку студии во моментов покажуваат дека тие имаат капацитет да го подигнат нивото на гликемијата но потребни се повеќе истражувања за да се докаже ова.

5 – „ФЕНОМЕН НА ЗОРА“

Многу луѓе се соочуваат со зголемени хормони рано наутро, без разлика дали имаат дијабетес или не. Но, за многу луѓе со дијабетес тип 1 , ова зголемување доведува и до пораст на гликемијата.

6 – НАЗАЛНИ СПРЕЈОВИ

Одредени спрејови имаат хемикалии кои го тераат црниот дроб да ослободува повеќе шеќер во крвотокот, што резултира со повисоки вредности .

7 – ПРЕСКОКНУВАЊЕ НА ПОЈАДОК

Обидете се да не го прескокнувате појадокот, бидејќи тоа може да ја зголеми гликемијата после ручекот и вечерата.

8 – ЗАБОЛУВАЊЕ НА НЕПЦАТА

Ова е потенцијална причина за повисок шеќер во крвта, како и честа компликација на дијабетес.

9 – ВРЕМЕ ВО ДЕНОТ

Важно е да се напомене дека како што одминува денот,  станува потешко да се контролира нивото на шеќерот во крвта.

10 – ДЕХИДРАЦИЈА

Внесувајте течности. Помалку вода во телото може лесно да резултира со висок шеќер во крвта, бидејќи количината на шеќер во телото станува поконцентрирана.

Обрнете внимание и на други промени што може да го зголемат вашиот шеќер во крвта. На пример, како ви влијае храна која не ја конзумирате вообичаено или практикување нови активности. Проверувајте ја вашата гликемија пред и потоа за да видите како вашето тело реагира.

Извор:https://beyondtype1.org