ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Основни чекори за спречување на хронична бубрежна болест

Дијабетесот и високиот крвен притисок се водечки причини за хронична бубрежна болест и бубрежна инсуфициенција. Секој со дијабетес може да преземе чекори за да спречи хронична бубрежна болест (ХББ), а оние кои веќе имаат ХББ може да се обидат да го забават процесот со :

  • Регулирање на нивото на гликоза (шеќер во крвта).
  • Регулирање на крвниот притисок.
  • Лабораториски анализи: Функцијата на бубрезите се мери со помош на два главни индикатори – стапка на филтрација (eGFR) и количина на протеини во урината (албуминурија).
  • Лабораториски анализи: Секое лице со дијабетес треба да ги проверува своите бубрези еднаш годишно преку анализа на крв и урина.
  • Лековите, кои се користат за намалување на крвниот притисок, можат значително да ја забават прогресијата на бубрежно заболување кај луѓето со дијабетес и  висок крвен притисок.
  • Внимателно со користење на диуретици!
  • Третман на хиперлипидемија.
  • Третман на инфекции.
  • Избегнување на нефротоксични агенси (одредени лекови сл.)
  • Рестрикција на внес на сол.
  • Прекумерното внесување на протеини може да биде штетно за дијабетичарите, па затоа треба да ја приспособат исхраната со ограничен внес на протеини на 0,8 g/kg телесна тежина. Поради тоа, се препорачува да се избегнува диета со висока содржина на протеини во храната, на пр.Аткинс или Кето диета.
  • Избегнување на пушење.