Состојки:
- 1 лажица путер (за динстање)
- 8 големи јајца
- 150 гр. павлака
- 300 гр. цветови брокула свежи или замрзнати
- 100 гр. ситно сечкано пилешко бело месо
- 100 гр. рендан чедар или кравји кашкавал
- малку рендан кромид и лук по вкус
- ½ лажичка сол
- ¼ лажичка мелен црн бибер и прстофат црвен пипер
Припрема:
- Во тава со путер додајте го исечканото пилешко и брокулата и динстајте сосема малку 3-4 минути.
- Во голем сад изматете ги јајцата, додадете ја павлаката и измешајте, додате го чедарот, сол, бибер и другите зачини по вкус. Додате ги и издинстаните брокула и пилешко месо. Промешајте.
- Истурете ја смесата во подмачкана тава за пита со големина 22 см и печете 30-40 минути или додека не зарумени и целосно стегне.
- Оставете да се излади 10 мин. а потоа исечете.
Напомена: Погрижете се да не ја преварите брокулата, се динста само додека не омекне.
Вкупно 6 парчиња. Нутритивни вредности за 1 парче :
- Калории: 246
- Јаглехидрати: 8 g
- Протеини: 13 g
- Масти: 20 g