ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Јагоди

ЈАГОДИ

Ако сакате да го прочистите вашето тело, навечер почастете се со порција јагоди (без додаден шеќер или шлаг), а наутро ќе се разбудите свежи, одморени и полни со енергија за наредниот ден.
Бидејќи имаат аналгетски својства, ако имате главоболка, не посегнувајте по медикамент.
Наместо тоа,изедете порција свежи јагоди затоа што за разлика од медикаментите кои содржи салицилна киселина, јагодите содржат природни салицилати.
Исто така, благодарение на антиинфламаторните, антипиретичните и антибактериските својства, јагодите ќе послужат за ублажување на воспалителните процеси, за намалување на температурата и за болка во мускулите.
Јагодите содржат изобилство на витамин Ц, како и витамин А, растителни влакна, железо и фолна киселина, кои, меѓу другото, се неопходни за бремени жени или жени кои планираат бременост.
Јагодите најдобро се јадат свежи, на празен стомак или помеѓу оброците. Ако се јадат незасладени, ја гаснат жедта, а лицата со дијабетес исто така можат да ги јадат.

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТСодржина (на 100 грама)
Калори41 kcal
Протеини0.8 g
Масти0.4 g
Јаглени хидрати7.5 g
Вода87.4 гр
Влакна2.2 g
Органски киселини1.3 g
Гликемиски индекс40
ВИТАМИНИ:Хемиско имеСодржина во 100 грдневната потреба
Витамин Аеквивалент на ретинол5 μg1%
Витамин B1тиамин0.03 mg2%
Витамин B2Рибофлавин0.05 mg3%
Витамин Цаскорбинска киселина60 mg86%
витамин Етокоферол0.5 mg5%
Витамин Б3 (ПП)Ниацин0.4 mg2%
Витамин B6пиридоксин0.05 mg3%
Витамин B9Фолна киселина24 μg6%
Витамин Кфилокинон2.2 mcg2%
МИНЕРАЛИСодржина во 100 грамаПроцентот на дневната потреба
калиум161 mg6%
Калциум40 mg4%
Магнезиум18 mg5%
Фосфор23 mg2%
Натриум18 mg1%
Железо1.2 mg9%