ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Зошто ѓумбирот треба да е дел од дневниот ритуал?

Ѓумбирот уште одамна се користел во традиционалната и алтернативната медицина. Денес тој веќе е докажен преку многу студии дека поседува многу моќни елементи кој придонесуваат при помагање на следниве состојби:

  • Намалувањето на оксидативниот стрес, кој е резултат на премногу слободни радикали во телото, поради присуството на моќни антиинфламаторни и антиоксидантни елементи
  • Може да помогне при мачнина, гадење, повраќање пособено кај оние кои се под хемотерапија
  • Може да помогне при губење на телесната тежина
  • Помага при остеоартритис
  • Може да го намали шеќерот во крвта и да ги намали ризик факторите од добивање на кардиваскуларни заболувања.
  • Помага при дигестивни нарушувања како IBS- нервозно дебело црево
  • Може да помогне во намалување на нивото на холестерол, пособено LDL, кој е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања.
  • Може да помогне да се намали ризикот од добивање на канцер (посебно, колоректален, панкреас и рак на црниот дроб) и тоа поради присуството на гингероли-соединенија во ѓумбирот кои имат антиоксидантни и антиинфламаторни ефекти.
  • Може да ја подобри функцијата на мозокот и да заштити од Алцхајмерова болест
  • Може да помогне во борбата против бактериски и габични инфекции.

Нутрициониста Вероника Минов