ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ  и поврзаноста со ХББ

Шеќерната болест (diabetes mellitus) е хронично системско пореметување на метаболизмот, пред се на јагленохидрати, но и на масти и протеини и се каректеризира со трајно зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Шеќерната болест претставува најмасовна болест на современиот човек, шеста причина за смрт во развиените земји. Постои два пати поголем ризик од смртен исход кај пациенти кои имаат дијабетес мелитус. Интернационалната федерација за дијабетес проценува дека во 2015 година 415 милиони луѓе боледувале од ДМ, а  во 2035 година се очекува раст од 592 милиони .

Водечка причина за развој на ХБИ со процент од 28% , додека на васкуларните заболувања како втора причина отпаѓа 25%, во САД дури 43,9 % како причина за развој на ХБИ се смета дека е ДМ.

Видови на дијабетес

Тип 1 –автоимуно заболување кое се дијагностицира во детството и младоста  се каректеризира со апсолутен недостаток на инсулин.Тригер фактори можат да бидат  вирусни инфекции коксаки вирус Б, паротититис,сипаници, грип…

Дијабетес тип 2 најчест тип на дијабетес во светот кој се јавува кај лица постари од 40 години се каректеризира со релативен недостатокт на инсулин.Се јавува инсулинска резистенција состојба кога постои намален биолошки одговор на клетките при нормални концентрации на инсулин.

Постојат и други типови дијабетес. Тука ќе ги споменеме: Ендокрини (кај болести на штитна жлезда, Кушинг синдром, акромегалија, феохромоцитом, хипералдостеронизам…); Заболувања на панкреас (карцином, цистична фиброза, хроничен панкреатитис); МОДИ (генетско пореметување на бета клетки) со апсолутен недостаток на инсулин; ЛАДА-латентен автоимун диајбетес кај возрасни; Гестациски тип дијабетес кој се јавува во вториот семестар од бременост како резултат на хормонски промени, истиот по породувањето може да се повлече но  кај некој се развива тип 2 диабетес;  Медикаментозен (глукокортикоиди, тиазидни диуретици, интерферон…

Симтомите кои ја навестуваат шеќерната болест, може да се препознаат во зголемена жед, зголемен апетит, често мокрење, замор, слабост, почести инфекции, бавно зараснување на рана, дигестивни нарушувања, промени во расположението и др.

Дијагноза се поставува со лабараториски тестови за нивото на шеќер во крвта и HbA1C. Пациентите е потребно барем еднаш годишно да направат уринарен албумин тест, албумин/креатинин рацио, ГФР,  а може да се земат предвид и дополнителни иследувања како КТ, МРИ, биопсија на бубрег.

Компликации кои можат да произлезат од шеќерната болест се повеќе. Класифицирани се како долгорочни и долгорочни компликации. Во долгорочните  спаѓаат  дијабетична ретинопатија, нефропатија, невропатија со дијабетично стопало, зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања, сексуална дисфункција, проблеми со слухот, инфекција на рани што бавно зарастуваат. Во краткорочни компликации од шеќерна болест спаѓаат: дијабетична кетоацидоза, хиперосмоларна кома, хипогликемија и други.

Дијабетична  нефропатија е сериозна компликација која произлегува и од тип 1 и од тип 2 на диабетес мелитус.

Во својот развој поминува низ 5 стадиуми:

-Фаза на гломерулска хиперфилтрација,

-фаза на нормоалбуминурија,

-фаза на микроалбуминурија,

-фаза на манифесна протеинурија и

-фаза на бубрежна инсуфициенција

Според АДА (Американска Дијабетична Асоцијација) постои ваков развој на стадиумите на дијабетската нефропатија:

1 стадиум- нормален  ГФР >90 ml/min 1,73 m2

2стадиум –лесен ГФР 60-89 ml/min 1,73 m2

3 стадиум –3A среден ГФР 40-59  ml/min 1,73 m2

3 стадиум 3Б среден ГФР 30 -44 ml/min 1,73 m2

4 стадиум  тежок ГФР 15 -29  ml/min 1,73 m2

5 стадиум краен стадиум на бубрежна болест ГФР < 15 ml/min 1,73 m2.

Во раниот стадиум може и да нема симтоми, но со прогредирање на болеста се јавуваат и се развиваат ноќно мокрење, висок крвен притисок, оток на зглобови,  раце, очи, губиток на апетит, замор и слабост, гадење и повраќање, свраб, тешкотии при дишење, пократок здив, конфузност и потешко мислење, метален вкус…

Ризик фактори кои придонесуваат за развој и проградирање на дијабетската нефропатија се нерегулириран шеќер во крвта, покачен крвен притисок, пушење, прекумерна телесна тежина, високи вредности на холестерол, фамилијарна историја за бубрежна болест.

Комликации се јавуваат кај дијабетската нефропатија се задршка на течност во раце, нозе и бели дробови,  која може да се манифестира и како белодробен едем, но евидентни се и зголемено ниво на К, КВБ  што може да предизвика мозочен или срцев удар, анемија, проблеми кај бремени жени со поголем плод.

Во лекувањето, третманот и терапијата кај дијабетната нефропатија многу се важни доброто менаџирање на нивото на шеќер, регулирање на крвен притисок, претпазливост во земање на aналгетска терапија посебно НСАИЛ кои можат да ја влошат бубрежната функција, промена на животен стил и навики, ограничен внес на сол, физичка активност, престанок со пушење. Но, медикаментозен третман е исто така фундаментален преку, ACEI (инхибитори на ангиотензинскопретворувачки ензим) или ARB (ангиотензин 2 рецептор блокатори) во регулирање на крвниот притисок, статини- да се спречи развој на атеросклероза и КВБ, метформин кај пациенти со ГФР >30 ml/min 1,73 m2 – дозата да се редуцира 1000мг дневно,  кај ГФР 30-44 ml/min 1,73 m2  и кај пациенти кои имаат ризик од лактична ацидоза, Sodium glucose cotransporter 2 inhibitors -SGLT2  кај пациенти со ДМ тип 2 и ГФР >20 ml/min 1,73 m2, Glucagon like peptid 1( GLP1) со кардиоваскуларен бенефит,  Nonsteroid mineralokortikoid receptor antagonist( nsMRA).

За пациенти со ДМ тип 2 и ГФР >25 ml/min 1,73 m2, нормална концентрација на К и ACR >30 mg/g.

Последниот стадиум ESKD се лекува со дијализен третман или трансплантација на бубрег. Со дијализата се отстрануваат тосичните материи од организмот и вишокот на вода.

Иднината може ќе донесе и некои новини во третманот на болните од дијабетес како што е трансплантација на бета клетки на панкреасот.

СЗО  го слушна гласот на милиони луѓе ширум светот кои боледуваат од дијабетес  и 14 НОЕМВРИ од 1991 година се обележува како СВЕТСКИ ДЕН на   БОРБА ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС. Претставува најголема светска кампања за  подигање на свеста кај луѓето  со цел РАНО ОТРИВАЊЕ НА БОЛЕСТА-РАНО ЛЕКУВАЊЕ.