Состојки:
- 1 тиквичка со средна големина
- 100 гр пармезан сирење
- 1 до 2 лажици сусам
- Сол, бибер, лук во прав и/или други билки по желба
Постапка:
- Измијте ги и исечете ги на парчиња со саканата дебелина (потенки ќе бидат покрцкави), посолете ги и оставете ги да се исцедат.
- Исушете ги со хартија или крпа и секое парче валкајте го во смесата од пармезан и сусам со одбраните зачини.
- Наредете ги во тава обложена со масна хартија и печете во загреана рерна на 200 C околу 10 минути или додека не добијат убава боја. За време на печењето пожелно е да се превртуваат неколку пати за тиквичките да бидат рамномерно испечени и подеднакво крцкави.
Белешка:
Ако сакате да користите повеќе тиквички, зголемете ги другите состојки пропорционално на нивниот број. Пред да ги валкате во пармезан, можете малку да ги подмачкате со маслиново масло. Вака подготвените тиквички може да се грицкаат сами, вкусни се и кога ќе се изладат, но можете да ги послужите и со јадење со месо.

Извор: https//typeoneprincess.com