ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Цел и задачи на Здружението

Здружението на дијабетичари “ЗД МОСТ”-Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓани заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси во врска со Дијабетесот(Шекерната болест)

Член 7

Здружението на дијабетичари “ЗД МОСТ”-Скопје дејствува на територијата на целата држава , а се организира за подрачјето на град Скопје. Здружението во своето дејствување може да се проширува на национално ниво и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да членува во сојузи и асоцијации во земјата и странство согласно Уставот и Законот и овој Статут.

Член 8

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

МИСИЈА: Здружението на дијабетичари ”ЗД МОСТ”-Скопје e граѓанско здружение чија мисија е подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис за истите, едукација на нивните семејства и подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот, во соработка со сите стратешки партнери и надлежни институции во Македонија.

ЦЕЛ: Граѓаните се здружени во Здружението заради остварување на здравствен интерес Здружението ги застапува и претставува интересите на лицата со дијабетес и влијае врз подобрување на легислативата, здравствените и општествено – социјалните стандарди на истите, како и за еднаков третман на лицата со дијабетес во Скопје.

 Основни цели:

  • Заштита на лицата со дијабетес при остварување на нивните здравствени интереси поврзани со дијабетесот.
  • Грижа за лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис на истите
  • Подигнување на свеста кај граѓаните за дијабетесот
  • Едукацијата за превенција од дијабетес
  • Едукација на семејствата а во соработка со надлежни здравствени институции .
  • Кампања за подигнување на свесноста на матичните лекари за пополнување на регистарот за пациенти со дијабетес
  • Грижа за достапноста на нови терапевски и дијагностички методи

 Член 9

Здружението на дијабетичари “ЗД МОСТ”-Скопје своите цели и задачи ги остварува преку утврдена програма за работа, односно преку следните активности:

  • Заедничка грижа за подобрување на здравствената состојба на луѓето со дијабетес
  • Подигнување на свеста кај граѓаните за дијабетесот, преку организирање на предавања и медиумско информирање
  • Информирање за новите научни достигнување за лекувањето и менаџирање на дијабетесот
  • Превземање активности со кои ќе се помогне и потикне достапноста на новите терапевтски и дијаностички методи
  • Иницијативи и акции со цел намалување на појава на компликации од дијабетесот а со тоа и намалување на трошоците за лекување
  • Соработка со Клиниката за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот, националната комисија за дијабетес, министерство за здравство и сите инсититуции, фондови, компании и субјекти кои учествуваат директно или индиректно во грижата за лицата со дијабетес
  • Развивање и поттикнување на волонтерска пракса
  • Издавање на печатен материјал
  • Акции за спречување на хронични компликации од дијабетесот во согласност со здравствени организации
  • Организирање работилници, кампањи и регионални средби за поцелосно и редовно информирање на граѓаните
  • Организирање манифестации за подигнување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес
  • Организирање обуки и средби за потребите на лица со дијабетес,нивните семејства и граѓаните
  • Организирање настани за прибирање средства и други хуманитарни активности соодветни за остварување на целите на Здружението и кои се во согласност со Законот и Статутот
  • Застапување за усвојување на законски промени во интерес на лицата со дијабетес
  • Соработка со други организации кои можат да ги застапуваат интересите на лицата со дијабетес
  • Организирање обуки,средби и промовирање на нови технологии

 Член 11

Членување:

Член на Здружението на дијабетичари “ЗД МОСТ”-Скопје може да биде секој полнолетен граѓанин, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава. Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со потпишана изјава за согласност од неговиот законски застапник, во согласност со Закон. Зачленувањето во Здружението се врши со пристапница или со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението, задолжително се враќа со потпишување на лична писмена изјава.

** Членовите од овој документ се извадок од Статутот на здружението



Здружение на дијабетичари ЗД Мост-Скопје
Претседател,
Олгица Шекеринова