ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Хипогликемија

Хипогликемијата е чест несакан ефект на инсулинскиот третман. Тоа е прилично честа појава и на многу луѓе со дијабетес тип 1 може да им се случат една или две лесни хипогликемии неделно.

Хипогликемија е кога нивото на гликоза во крвта ќе се падне под 3,8 mmol/L. Тоа е знак дека нивото на гликоза во крвта е надвор од целниот опсег и не е нешто што треба да се игнорира.

Хипогликемиите се случуваат поради многу причини. Еве некои од причините и што можете да направите за надминување на хипогликемијата :

ПРИЧИНИ ЗА ХИПОГЛИКЕМИЈА

Кога живеете со дијабетес тип 1, одржувањето на рамномерно ниво на гликоза во крвта изгледа како жонглирање . Секоја промена во управувањето со дијабетесот, промена во вообичаените оброци, некоја непланирана ситуација, употреба на алкохол повеќе од дозволеното може да доведе до хипогликемија.

Причини за појава на хипогликемија е земање повеќе инсулин од потребното или погрешно време на примање на инсулинот. И најздравите активности, како одењето во теретана и вежбање, може да предизвикаат хипогликемија ако не го прилагодите внесот на храна или инсулин потоа.

РАНИТЕ СИМПТОМИ НА ХИПОГЛИКЕМИЈА ВКЛУЧУВААТ:

  • Потење (речиси секогаш присутно)
  • Нервоза, тресење, слабост;
  • Екстремна глад и лесно гадење;
  • Вртоглавица и главоболка;
  • Заматен вид,
  • Срцебиење и
  • Општа вознемиреност.

АКО ХИПОГЛИКЕМИЈАТА НЕ СЕ ТРЕТИРА НА ВРЕМЕ И И ШЕЌЕРОТ ВО КРВ ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА, МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО ТЕШКА ХИПОГЛИКЕМИЈА СО ВРЕДНОСТИ < 2,2 mmol.L СО СЛЕДНИТЕ СИМПТОМИ:

  • конфузност
  • дезориентираност
  • нејасен говор
  • грчеви во мускулите
  • во некои случаи агресивност
  • бесознание,кома или смрт

ШТО ДА ПРЕЗЕМЕТЕ И КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ

Важно е постојано со себе да носите апарат за мерење гликемија и да измерите веднаш при првите симптоми.

Ако нивото на гликоза во крвта е под 3,8 mmol/L, или ги чувствувате симптомите, мора да преземете нешто пред да се влоши состојбата.

Имајте секогаш блиску до вас, во вашата чанта, во автомобилот, во фиоката на работа или до вашиот кревет:

  • пакетче желе бомбони
  • конзерва со сладок пијалок,кока кола или чист овошен сок
  • таблети со гликоза.
  • мали пакетчиња мед
  • или мали пакетчиња бел шеќер

 СОВЕТИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ХИПОГЛИКЕМИЈАТА :

1. Внесете околу 15 грама јаглени хидрати со брзо дејство. Изберете една од наведените опции а која најдобро функционира за вас :

  • 5-6 желе бомбони
  • 3-4 таблети гликоза (проверете ја количината на Ј.Х. на пакувањето)
  • 1 супена лажица шеќер или мед
  • 2 супени лажици џем
  • лименка 150 ml газиран сок или 125 ml овошен сок

2. Измерете го нивото на шеќер после 15 минути. Ако сè уште е ниско, земете уште малку јаглехидрати со брзо дејство и почекајте уште 10 минути.

3. Ако се чувствувате подобро и нивото на гликоза во крвта се покачува, ќе треба да јадете и да внесете јаглехидрати со бавно дејство, како што се сендвич, парче овошје, чинија со житарки или чаша млеко. Или би можеле да го земете вашиот следен оброк.

Но ако се чувствувате премногу поспани или збунети за да јадете, побарајте помош од некого или итна медицинска помош и некој нека остане покрај вас. Но важно е да внесете јаглехидрати во себе додека чекате помош.