ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Супа од аспарагус

Состојки

  • Аспарагус – 500 гр
  • Кромид – 1 мал
  • Лук – 2 чешниња
  • Компири – 1 парче
  • Пилешка супа – 400 мл
  • Кисела или течна неутрална павлака -100 ml
  • Сол, мелен црн бибер – по вкус.

Подготовка

Пржете ситно исечен кромид на путер. По 5 минути, додадете сецкани излупени аспарагуси и мелени чешниња лук. Се пржи уште неколку минути. Можете да ги оставите врвовите, а потоа да ги испржите одделно, па додадете ги во готовата супа .

Ставете ја пилешката супата во тенџере  да се загрее. Во супата додадете го сечканиот компир, испржениот аспарагусот со кромид, сол и бибер и варете додека не омекнат. Додадете ја павлаката и оставете да врие уште 2 минути. Сомелете со блендер или користете ја алатката за пире .