Четиригодишната Исла Робинсон влезе во историјата како првата личност во светот која добила трансплантација на сопствени матични клетки, собрани при раѓањето, за да се спречи да развие дијабетес тип 1. Научниците веруваат дека крвта од папочната врвца богата со матични клетки може да да се искористи за спречување на автоимуниот процес кој ги уништува клетките на панкреасот.
„Се чинеше само како добра можност да се осигураме“, рече Рејчел Велдон, мајката на Исла, за нивната одлука да ги зачуваат матичните клетки во 2011 година.
„Сега кога сме вклучени во ова истражување, се чувствуваме благодарни“, продолжува Рејчел.
Семејството на Исла беше избрано затоа што нејзиниот полубрат има дијабетес тип 1 а Исла и нејзината сестра Руби направија тестови на крвта кои открија присуство на антитела, што покажува дека има големи шанси и тие да развијат дијабетес.
На Руби и беше дијагностициран дијабетес само неколку дена по првиот тест на крвта. Оттогаш, Исла одела на тестови на секои 6 месеци, додека еден ден нејзиниот тим лекари не одлучил да спроведе терапија со матични клетки од папочна папочна врвца, бидејќи таа веќе станала случај со висок ризик.
„Сите тестови покажаа дека таа ќе добие дијабетес, па мислевме дека ако можеме да го спречиме тоа, тоа ќе биде феноменално“, вели водачот на студијата Марија Крег. „Се надеваме дека ќе можеме целосно да го исклучиме тој автоимун процес и дека телото на Исла никогаш нема да развие дијабетес.
Друга можност е дека нема целосно да се спречи појавувањето на дијабетес, туку само да го одложи.
„Тоа би можело да потрае со години, па дури и ако го одложиме дијабетесот до адолесцентен период, кога Исла ке биде постара, тоа би било одлично бидејќи ќе ни даде време да ги употребиме другите терапии што се развиваат“, рече професорот Крег.
Крвта била собрана од папочната врвца по раѓањето на Исла, заштитена со криопротектори и складирана на температура од -160 Целзиусови степени во гасовитата фаза на течниот азот. Веќе во средата крвта беше одмрзната, подготвена за терапија и дадена со инфузија во траење од половина час.
Пред инфузијата Исла примила доза антихистамини за да се спречи можна алергиска реакција. Тоа беше единствениот дел од процедурата што ја исплаши малата, но храбра Исла, која доби поддршка од медицинскиот персонал.
Професорот Крег вели дека Исла е првото од 20-те деца кои добиле трансплантација на сопствени матични клетки од крв од папочна врвца.
Според податоците на IDF (Меѓународната федерација за дијабетес), бројот на заболени од дијабетес се зголемува секоја година.
Различните критики упатени кон приватните банки предизвикаа загриженост дека родителите ќе престанат да чуваат матични клетки бидејќи мислат дека можеби никогаш нема да ги користат. Но, како што рече професорот Крег, доказ за вредноста на зачувувањето на матичните клетки е токму овој случај. Се смета дека матичните клетки ќе имаат голема улога во терапијата за состојби како што се дијабетес тип 1, срцеви заболувања, срцеви удари и невролошки заболувања.
Извор: http://www.smh.com.au/nsw/fouryearold-girl-makes-history-in-worldfirst-attempt-to-prevent-type-1-diabetes