Протеинска, без брашно ( low carb) “проја”. Оваа “проја” кај што е здрава е и многу вкусна како и доста заситувачка, поради изобилството на протеини и диетески влакна. Супер е кога се јада сама по себе или може заедно со домат или некој друг зеленчук. Исто така е добра за сите кои следат безглутенска исхрана, како и за дијабетичари поради тоа што е со низок ГИ и нискојаглехидратна, но и за секој кој сака да се храни здраво.
Се што ви е потребно е:
- 400 гр црвена леќа која ја покиснувате 30 мин до 1 саат претходно
- 400 грама урда
- 2 јајца
- 1 чаша зејтин
- 1/2 с.лажица сол
- 1 пакетче ким ( го мелете малце предходно)
- 1 ќесиче пециво
- 1 цела рендана тиквица ( ја цедите водата од нејзе, пред да ја ставите во смесата)
- 1 рендан морков и малце ситно сецкан магданос( ова е по избор, но и дава интересен шмек на пројата)
- микс од семиња
Инструкции:
Леќата заедно со јајцата ги мелете, додавата урда и 1 шоља зејтин и мешате, потоа додавате пециво, сол и мелен ким, кој покрај што е здрав зачин, дава и еден посебен вкус на пројата. Се тоа се меша убаво и во така измешаната смеса се додава рендана тиквица, рендан морков и сецкан магданос. Се меша се заедно и се става во плех. Одозгора се става микс од семиња.
Се пече на 180-200С од 45-60 мин зависно од големината-дебелината на тавата/пројата. Одкога ќе се испече не се сече одма, треба да се олади и остави неколку саата ( 2-3 саата) за да стегне. И тоа е тоа, потоа уживајте. Најинтересно е што деца исто ја сакаат. Наместо тиквиците може да ставите и др. зеленчук како спанаќ, блитва итн., но баш тиквицата и дава сочност на пројата и еден баланс во вкусот. Се на се превкусна.
Нутриционист Вероника Минов