ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Придобивки од употреба од зачини и билки

Кардиометаболните здравствени придобивки од применување на медитеранската исхрана се докажани, како за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести  така и за подобрена контрола на гликозата,бидејки има метаболичко влијание.

Медитеранската исхрана го нагласува внесот на хранливи материи, влакна и храна богата со антиоксиданси од овошја и зеленчук, житарки од цело зрно, здрави масти како што се маслиново масло, јаткасти плодови и семиња.

Покрај тоа, различни билки и зачини кои се вклучени во оброците на медитеранската исхрана, ни обезбедуваат не само подобрен вкус, туку и концентрирани количини на витамини, минерали, фитонутриенти и антиинфламаторни соединенија.

Направени се клинички испитувања кај учесници со Тип 2 на возраст од 18 до 80 години, во траење од 2-3 месеци , со користење на петте ароматични билки и зачини кои вообичаено се користат во медитеранската исхрана: цимет, куркума, ѓумбир, црн ким и шафран

На испитаниците им беше додавана суплементација во следните количини:

Црн ким: Надополнување на црн ким во форми на капсули,најчесто во доза од 500 мг, и масло најчесто во доза од 2,5 – 5 мл. Семето на црниот ким содржи неколку фитохемикалии, вклучително и тимокинон, и е проучено поради неговите антиоксидантни, антиинфламаторни, гликемиски и невропротективни ефекти.

Цимет: Надополнување на цимет во дози од најчесто 1.000 мг.

Куркума: Надополнување со 80 -2.000 мг,  најчсто 2.000 mg .

Ѓумбир: Надополнување со најчесто 2.000 мг.

Шафран: Надополнување со најчесто 30 мг.

Резултатите покажаа дека циметот, куркумата, ѓумбирот, црниот ким и шафранот значително го подобрија нивото на гликоза на гладно кај испитаниците, пациенти со Тип 2 дијабетес.

Најголемо намалување на нивото на гликоза на гладно е забележано помеѓу 0,9  и 1,5 ммол/л за црниот ким, проследено со циметот и ѓумбирот.

Значителни подобрувања на HbA1c кај пациенти со Tип 2 беа пријавени за ѓумбир (намалување од 0,56%) и црн ким (намалување од 0,41%).

Меѓу пациентите со Tип 2 дијабетес, циметот и ѓумбирот покажаа значително намалување на вредностите на инсулинот.

Авторите забележаа дека најефективната доза за секоја билка или зачин не може да се одреди и дека овие билки имаат потенцијални терапевтски придобивки за управување со Тип 2 дијабетес.

Резултатите од студиите сугерираат дека циметот може да помогне не само за контрола на гликемијата во управувањето со Тип 2 дијабетес, туку и за намалување на крвниот притисок и подобрување на липидните профили, вклучувајќи ги триглицеридите и нивото на холестерол на липопротеини со ниска и висока густина.

Исто така, беа испитани и придобивките од циметот кај преддијабетична популација кај возрасни со дебелина и предијабетес, средна возраст од 51 година, со 1 лажичка цимет дневно во тек на четири недели. Додатокот со цимет резултираше со пониски пикови на гликоза и значително пониски 24-часовни концентрации на гликоза во споредба со плацебо во групата со предијабетична терапија.

Заклучок

Животниот стил е во сржта на третманите за оптимизирано кардиометаболно здравје. Медитеранската диета е еден нутриционистички пристап кој ги поддржува кардиоваскуларните и метаболичките функции, покрај подобрувањето на вкус и арома. Студијата ја сугерира гликемиската корист од медитеранските билки и зачини за пациенти со Тип 2 дијабетес кои обезбедуваат и  обилни количини на здрави фитохемикалии и хранливи материи.

Извор: https://www.ifm.org/news-insights/may-2024-hot-topic-herbs-for-diabetes/