ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Пита од брокула и пилешко без брашно

Состојки:

  • 1 лажица путер (за динстање)
  • 8 големи јајца
  • 150 гр. павлака
  • 300 гр. цветови брокула свежи или замрзнати
  • 100 гр. ситно сечкано пилешко бело месо
  • 100 гр. рендан чедар или кравји кашкавал
  • малку рендан кромид и лук по вкус
  • ½ лажичка сол
  • ¼  лажичка мелен црн бибер и прстофат црвен пипер

Припрема:

  1. Во тава со путер додајте го исечканото пилешко и брокулата и динстајте сосема малку 3-4 минути.
  2. Во голем сад изматете ги јајцата, додадете ја павлаката и измешајте, додате го чедарот, сол, бибер и другите зачини по вкус. Додате ги и издинстаните брокула и пилешко месо. Промешајте.
  3. Истурете ја смесата во подмачкана тава за пита со големина 22 см и печете 30-40 минути или додека не зарумени и целосно стегне.
  4. Оставете да се излади 10 мин. а потоа исечете.

Напомена: Погрижете се да не ја преварите брокулата, се динста само додека не омекне.

Вкупно 6 парчиња. Нутритивни вредности за 1 парче :

  • Калории: 246
  • Јаглехидрати: 8 g
  • Протеини: 13 g
  • Масти: 20 g