Состојки:
- 4 јајца
- 25 гр. кокосово брашно
- 80 ml вода
- 30 гр. растопен путер
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- По вкус рендана кора од лимон, арома од ванила,бадем…
Постапка:
- Изматете ги јајцата и стопениот путер.
- Во смесата додадете вода, сол и кокосово брашно. Мешајте додека смесата не се изедначи .
- На крајот додадете рендана кора од лимон и арома од ванила или бадем. Добро измешајте и оставете да отстои 5 минути смесата малку да се згусне.
- Се пржат во тавче со нормална големина, премачкано со кокосово масло на тивок оган.
Напомена:
Од смесата се добиваат 7-8 палачинки. Стабилни се при вртење а се полнат со фил по желба. Не се распаѓаат и се флексибилни. Ви предлагаме фил од шумско овошје или домашна Нутела.
Кокосовото брашно е вкусна, здрава алтернатива на другите типови на брашно. Кокосовото брашно апсорбира повеќе вода отколку пченичното брашно. Содржи многу повеќе влакна и протеини од пченичното брашно а помалку јаглехидрати. Кога се менува целото брашно во рецептот со кокосово брашно, тогаш потребно е да се стави околу 30% помалку од брашното што вообичаено оди во рецептот.
Вкупно за 7 палачинки : ЈХ 12 гр. (без фил)
Извор: https://typeoneprincess.com/