За 4 лица:
- 1 мал кромид
- 2 чешниња лук
- 2-3 гранчиња свеж босилек
- маслиново масло
- 2 конзерви домати исечени на коцки (400 гр. секоја)
- 4 супени лажици доматно пире
- 2-3 модри патлиџани(средни)
- 125 гр. моцарела
- 25 гр. пармезан
- 1 мала лажичка оригано
1. Во тава на шпорет загрејте 3 лажици маслиново масло и додадете го сечканиот кромид. Пржете 4-5 минути додека да омекне. Додате го сечканиот лук. Пржете на тивко уште 2 минути.
2. Додадете ги доматите исечкани на коцки плус малку сол и бибер по вкус и оставете сè да врие 20 минути.
3. Загрејте ја рерната на 190°С . Модриот патлиџан се сече по должина на кришки со дебелина од 1 cm, Парчињата се редат во плех,се премачкуваат со маслиново масло и се посипува малку сол и бибер. Печете ги во рерна 3-4 минути од секоја страна додека не поруменат.
4. Наредете слоеви во огноотпорен сад за печење: започнете со малку сос, потоа со печен модар патлиџан, парчиња моцарела и листови босилек, повторно сос и на крај изрендајте го пармезанот. Печете во рерна 20-30 минути додека површината не порумени.
Нутритивни вредности: (за порција)
- Kcal 247
- Јаглехидрати 19,2 g
- Влакна 8,6 g
- Протеини 15,1 гр
- Масти 10,4 g