ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Леб без јаглени хидрати

Со оглед на тоа што има минимално количество јаглехидрати (0,8 гр. по парче), многумина го нарекуваат леб без јаглехидрати.

Лебот е сунѓерест и мек, па затоа е одличен за правење сендвичи, има одличен вкус со домат и моцарела, но и со џем.

Подготовка: 40 мин

Состојки:

  • 100 гр крем сирење (abc)
  • 3 јајца
  • ½ лажичка прашок за пециво
  • малку хималајска сол

Подготовка:

  1. Одделете ги белките и жолчките.
  2. Направете цврст снег од белките и малку хималајска сол, а во друг сад изматете ги жолчките, сирењето и прашокот за пециво додека не се изедначат.
  3. Потоа внимателно додадете го снегот од белки во смесата со жолчки и сирење. Полека мешајте за да остане воздухот во смесата.
  4. Земајте од смесата со лажица и ставајте на плех обложен со хартија за печење.
  5. Печете 25 минути на 150°C.

Извор:https://www.tvornicazdravehrane.com/