ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Кој е изложен на ризик од невропатија и симптоми

Дијабетесна невропатија е многу честа појава и 60 до 70 % од луѓето со дијабетес се изложени на ова нарушување. Постојат неколку фактори кои може да го зголемат ризикот од развојот на дијабетесна невропатија:


Долготрајна болест : Оние кои имале дијабетес повеќе од 25 години, се повеќе изложени на ризик за развој на невропатија. По 20 години со дијабетес, околу 40 проценти од луѓето ќе имаат невропатија.

Возраст: Постарите лица со дијабетес се со поголема веројатност да заболат од невропатија, од оние кои се помлади . Оние кои се на возраст над 40 се особено изложени на ризик.

Лошо контролиран дијабетес : Доколку имате често премногу високи вредности на шеќер во крвта, може да се зголеми ризикот од невропатија.

Крвен притисок : Високиот крвен притисок е почест кај луѓето кои имаат дијабетес. Крвен притисок надвор од нормалните граници ( повисок од 130/80 мм Хг) може да предизвика оштетување на крвните садови . Оштетените крвни садови може да придонесат за развој на невропатија.

Висок холестерол : Луѓето кои имаат шеќерна болест имаат тенденција да имаат повисоко ниво на холестерол. Контрола на нивото на холестерол во крвта може да ви помогне да го забавите напредувањето на дијабетската невропатија.

Дебелината: Имајки индекс на телесна маса – БМИ поголема од 23 е ризик за развој на дијабетска невропатија кај луѓето со дијабетес.

Симптоми на дијабетесна невропатија:

Дијабетесната невропатија може да биде и без симптоми, но кога симптомите се присутни тие вклучуваат:
Болка во ногата : Таа може да биде интензивна и состојбата може да се влоши додека одмарате или во текот на ноќта, што може да попречи да имате соодветен одмор.

Трнење и печење во нозете : Трнење, печење или иглички во нозете понекогаш е првиот симптом на дијабетска невропатија.

Вкочанетост во нозете и неможност да се чувствуваат промени на температурата (топло-ладно)

– Пад на стапалото: Оштетување на нервите може да предизвика проблеми во работата на мускулите на нозете при одење. Ова може да резултира со потешкотии во кревање на предниот дел на стапалото.

КОМПЛИКАЦИИ НА НЕВРОПАТИЈА

Дијабетесна невропатија може да резултира со различни компликации во нозете, а некои од нив може да бидат многу сериозни , а во некои случаи дури е неопходна и ампутација. Се проценува дека половина од сите ампутации поради дијабетска невропатија може да се спречат, ако правилно се грижите за нозете.

  • Инфекција: Дури и малите повреди на нозете може да доведат до инфекција. Затоа што луѓето со невропатија го губат осетот во своите нозе, и не можат да сфатат кога имаат воспаление или плускавец. Незабележана и не лекувана, дури и мала болка може да се развие во инфекција, која брзо станува проблематична и може да ја нападне коската. Инфекцијата која достигнала до коската може да резултира со ампутација на дел или целото стапало. Ампутација на прстите, па дури и на целата нога може да биде ризично за луѓето кои веке се во лоша здравствена состојба и може да резултира со инвалидност.
  • Хроничен улцер: Хронична улцерација во нозете е исто така една од главните причини за ампутација кај луѓето кои имаат дијабетска невропатија. Чировите во подножјето бараат брза заштита и третман на било која инфекција. Во некои случаи, сепак, чировите не се лекуваат и остануваат воспалени. Невропатијата може да придонесе за овој проблем во лекувањето, особено кога поради неа протокот на крвта во нозете е помал од оптималниот.

ПРЕВЕНЦИЈА НА ДИЈАБЕТЕСНА НЕВРОПАТИЈА

Спречувањето на дијабетесната невропатија и компликациите е можно со режим за нега на нозете и контрола на дијабетесот.

Покрај дневните контроли на нозете, редовни прегледи од лекар, потребна е и добра грижа за стапалата. Пациентите кои се изложени на ризик треба да користат соодветни обувки и да се грижат за ноктите и сувата кожа. Обувките не треба да се тесни и да не го ограничуваат протокот на крвта, треба да имаат широка, мека позадина кај петата. Секоја активност која може да резултира со повреди на ногата треба да се избегнува . Ова вклучува не само високо-ризични активности, но , исто така, одење бос или изложување на нозете на екстремна топлина или студ . Ноктите треба да се кратат внимателно. Доколку е потребно, ова може да се направи од страна на професионалец, наместо дома.

Сувата кожа или кои било други услови на ногата треба да се третираат веднаш.

Добра контрола на гликозата во крвта и другите услови поврзани со дијабетес е исто така важно за спречување на дијабетската невропатија. Во некои случаи, кога гликозата во крвта е доведена до соодветно ниво , симптомите на дијабетската невропатија може да се намалат . Проверката на нивото на гликоза во крвта е важна, како и препораките за исхраната и лековите или инсулинот. Пациентите треба да соработуваат со своите здравствени установи за да научат како да управуваат со високите нивоа на гликоза во крвта.