Денес постојат и достапни се два вида на гликемиски сензори:
- Флеш глукозни монитори, кои ја прикажуваат вашата гликемија кога скенирате со читач или со мобилен телефон и
- Kонтинуирани монитори за гликоза кои постојано ја пренесуваат гликемијата на сензорот до приемник или мобилен телефон преку Bluetooth.
1) Флеш монитор за гликоза
И покрај тоа што се единствениот тип на флеш монитор за гликоза, сензорите FreeStyle Libre се најчесто користени, најмногу поради неговата достапност. Широко користениот FreeStyle Libre2, вклучува и прилагодливи аларми за високи и ниски гликемии.
Корисниците на сензорот FreeStyle Libre2 треба да го скенираат сензорот најмалку на секои 8 часа за да спречи губење на податоци. Се препорачува најмалку 10 скенирања дневно, бидејќи тоа е во корелација со подобрена контрола на гликемијата.
Гликемијата на сензорот е видлива само при скенирање со посебен читач или со апликацијата LibreLink на вашиот телефон. Дури и ако се активира алармот, потребно е скенирање, за да се види гликемијата.
Сензорот FreeStyle Libre е уникатен по тоа што го мери нивото на гликоза секоја минута, што е од клучно значење за точната функционалност на алармот.
Сензорот FreeStyle Libre има 14-дневен период на користење и ги комбинира сензорот и предавателот во еден уред, што го прави лесен за користење.
Ако сакате да пристапите до извештаите, можете да користите LibreView, програма базирана на веб што ви овозможува да ги прегледувате и анализирате вашите податоци за гликоза.
2) Монитори за гликоза во реално време / континуирано мерење:
Dexcom G6 е доста користен, обезбедувајќи плејада поставки за аларм и опции за прилагодување. Тој е поскапа варијанта, што доведува до поретко користење. Сепак, тој е најчесто користен во затворени системи. Сензорот може да се носи 10 дена, а предавателот може да се користи 3 месеци.
Dexcom ONE, иако е сличен на Dexcom G6, не поддржува поврзување со инсулинска пумпа или Dexcom Share, со што се ограничува неговата употреба во затворени системи и далечинско следење. Понатаму, апликацијата Dexcom ONE не обезбедува можност за корисниците да внесуваат податоци за инсулин или да вршат калибрации. Сепак, вреди да се напомене дека Dexcom повторно ја воведе функцијата за споделување и опционална функција за калибрација за Dexcom ONE иако ја нема функцијата на споделување на информации. Подобрување и повеќе опции нуди Dexcom ONE+.
Dexcom G7, наследник на Dexcom G6, функционира како комбиниран сензор и предавател. Нуди пократко време на загревање, одложен висок аларм и малку подолго времетраење од 10,5 дена. Во моментов, интеграција на пумпа не е достапна, но се планира за 2024 година.
Libre3, кој е понапреден од Libre2, служи како целосен континуиран монитор на гликоза, без потреба за скенирање на сензорот. Достапни се аларми за високи и ниски гликемии и е со помали димензии.
Сензорите Guardian, развиени од Medtronic, траат 7 дена, а предавателот може да се користи една година. Сензорот Guardian 3 вообичаено бара две дневни калибрации, иако три се препорачуваат за да се минимизираат потенцијалните нарушувања во неповолно време. Од друга страна, сензорот Guardian 4 бара само едно боцкање од прст за иницирање на автоматскиот режим на поврзаната инсулинска пумпа. Треба да се напомене дека поставувањето на сензорот Guardian може да бара малку повеќе време во споредба со некои други сензори.
Други сензори се Glucomen Day CGM, Medtrum’s Touchcare Nano CGM, Glunovo i3, AiDEX , Poctech, Sibionics, Anytime и други.
Достапен е и сензор за имплантација, Eversense, кој останува под кожата шест месеци. Сепак, потребен е надворешен предавател и боцкање од прст еднаш до двапати дневно за калибрација.
Во моментов се развиваат повеќе од 100 инвазивни и неинвазивни сензори.
Извор: https://www.diabetestechnologyexpertprogram.com/