Еве некои од потенцијалните промени кои можат да се случат доколку ги откажеме шеќерите
1.Губење на тежина: Еден од најзабележливите ефекти од откажувањето на шеќерите е губењето на тежина, пособено висцералната, онаа околу половината. За да разберете зошто се случува ова важно е да се напомене следново:
Прв извор на енергија за човекот е глукозата која се добива од јаглехидратите и која се складира во вид на гликоген во црниот дроб и мускулите за енергија, а секој вишок се складира во мастоцитите во вид на масти. Кога не конзумираме многу шеќери, откако човекот ќе ги потроши овие резерви на гликоген, почнува енергија да добива од мастите како втор извор. НО кога не конзумираме шеќери, прв избор на енергија за човекот стануваат мастите и затоа слабееме.
2. Зголемена енергија: Шеќерите најчесто обезбедуваат брза енергија, но проследена со брз пад. Со намалување на нивна консумација доаѓа до стабилни нивоа на енергија низ целиот ден.
3. Намален ризик од хронични болести: Постојат многу научни студии со кои се докажува дека високата консумација на шеќери е поврзана со поголем ризик од развој на хронични состојби, како дебелина, тип 2 дијабетес, кардиваскуларни болести и одредени видови на канцер. Со откажување на шеќерите, може да се намалат ризиците од појава на овие болести.
4. Намалување на потребите од благо: Со текот на времето, кога шеќерите ќе се исфрлат од исхраната, поради промени во метаболизмот, стабилноста на шеќерот во крвта и поради поголемата заситеност што ја даваат мастите, доаѓа и до намалена потреба за благо пособено меѓу оброците.
5. Подобрување на изгледот на кожата: Некои студии предложуваат дека прекумерната консумација на шеќер може да влијае на кожата и појава на акни.
6. Подобрување на инсулинската сензитивност, пособено кај дијабетичари, но и здрави особи имаат бенефит поради спречување на развој на инсулинска резистентност.
7.Исто така има подобрување и во видот, меморијата, концентрацијата итн.
Сепак важно е да се напомене дека не сите шеќери се лоши за нас. Природните шеќери кои се наоѓаат во овошјето, зеленчуците се дел од здравата исхрана. И најважно, кога се намалуваат шеќерите во исхраната, не значи дека треба да се конзумираат повеќе заситени масти или повеќе анимални протеини, зошто ова пак има други несакани ефекти за кои ќе говорам во друг пост.
Нутрициониста Вероника Минов

