ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

За Нас

За Скопје со своите општини како најголем регион потребно е да се посвети големо внимание, бидејки бројот на заболени лица од дијабетес, во Скопје со своите 17 општини  се движи над 40.000 лица а бројката се  зголемува и со оние лица кои се уште не се евидентирани.

Од март 2022 година, Здружението за дијабетичари ЗД Мост започнува да делува во градот Скопје и во сите негови општини . Во текот на изминатите  години, Здружението постепено стана партнер на бројни граѓани волонтери за помош на пациентите со дијабетес и превенција од оваа сè пораспространета болест.

Здружението е основано со цел да го зголеми чувството на јавноста кон зголемениот ризик од дијабетес, организирање и поврзување на лицата со дијабетес ,подобрување на здравствената заштита, како и за едукација и превенција од компликации поврзани со дијабетес.

Здружението зад себе има бројни проекти кои беа реализирани во меѓусебна соработка од здравствени работници и волонтери .  Клучната мисија е превенција и едукација, како и менување на секојдневните животни навики на што поширок круг граѓани.

Здружението организира мерење на нивото на шеќер на јавни места, организира предавања од стручни лица и ги поттикнува своите членови и сите заинтересирани граѓани да ги спречат компликациите од дијабетесот.

 Преку други проекти, континуирано промовира рано откривање на дијабетес, промени во навиките во исхраната и активниот однос на граѓаните кон зачувување на сопственото здравје преку едукација, јавни собири на членовите на здружението и спроведување на програмски активности.

Активностите на Здружението се наменети за сите граѓани, без разлика на возраста и општата здравствена состојба а поканети се да ни се придружат сите кои сакаат да дејствуваат превентивно за зачувување на своето здравје.

Нашите активности ги спроведуваат волонтери, а во буџетот за трошоци најважни се трошоците за подмирување на директните материјални трошоци и набавка на опрема неопходна за реализација на програмските активности.

Покрај работењето на ниво на Град Скопје, Здружението ЗД Мост е и член на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Р.С.Македонија и редовно е вклучено во сите програмски активности на ниво на Сојузот.

Здружение на лица со дијабетес ЗД Мост-Скопје
Претседател,
Олгица Шекеринова