ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Запечен праз во тава

Состојки :

  • 1 кг. праз
  • 300 гр. домати
  • 4 јајца
  • 250 гр. павлака (12% м.м.)
  • 30 гр. презла
  • сол, зачини по вкус
  • 20 гр. сецкан магдонос
  • 15 гр. лук (5-6 чешниња)

Подготовка :

  1. Исчистете го празот, исечете го по должина и добро измијте го. Исечете го на парчиња долги околу 5 см и ставете го во врела вода, па варете го околу 10 минути.

2. На врело масло пропржете го сварениот праз и ситно сечканиот лук, зачинете по вкус, а на крајот додадете го сечканиот магдонос.

3. Со масло премачкајте огноотпорен сад и на дното ставете половина од подготвениот праз.

4. Наредете ги доматите исечени на прстени, посипете ги со презла и покријте ги со преостанатиот праз.

5. Јајцата се матат во длабок сад, се додаваат павлаката и зачините и се прелива преку празот.

6. Тавата ставете ја во рерна, загреана на 200º и печете 15-20 минути.

Послужете топло, со варено или печено месо или послужете како лесен, нискокалоричен посебен оброк.

Нутритивен состав :

100 гр. готов оброк содржи

  • Килокалории 67
  • Јаглехидрати 5,9 гр
  • Протеини 3,8 гр
  • Масти 3,1 гр
  • Диететски влакна 1,5 гр
  • Гликемиски индекс 26
  • Гликемиско оптоварување 1,5

Извор: https://carobna-kuhinja.com/