ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Домашно тестирање на шеќер во крвта

Секое лице со дијабетес треба да го тестира нивото на шеќер во крвта дома. Во повеќето случаи, лекарите бараат да се измери шеќерот во крвта на гладно, веднаш по будењето и пред јадење или пиење било што. Шеќерот во крвта може да се мери и пред оброк или 2 часа по оброкот, кога шеќерот во крвта се треба да се врати на нормалните вредности.

Како правилно се мери шеќерот во крв во домашни услови?

  • подгответе тест лента и мерач на гликоза
  • врвот на прстот од кој се зема крвта се брише со алкохол
  • местото од кое се зема крв се стиска и се пробива со игла
  • капка крв се аплицира на тест лентата вметната во уредот за мерење
  • се читаат времето на мерење и вредноста на шеќерот во крвта.

Нормални вредности на гладно : 4,4 – 6,1 ммол/л

Нормални вредности 2 часа после оброк:  до 8,5 ммол/л

Нивото на шеќер во крвта на гладно од 5,9 – 6,9  укажува на преддијабетес.

Друга опција за секојдневна употреба е континуирано следење на гликозата (CGM). За CGM, едно лице носи уред 24 часа на ден, кој постојано го снима нивото на гликоза во крвта.

Одредување на HbA1C во лабораториски услови:

За дијабетичарите е многу важно да се контролира  HbA1c, бидејќи колку се повисоки вредностите, толку е поголема можноста за развој на компликации коишто се поврзани со дијабетесот. 

HbA1c го  дава просекот на шеќерот -гликозата во последните 3 месеци (12 недели) и се препорачува да се прави најмалку 2 пати годишно за лицата со дијабетес кои имаат стабилни гликемии и на секои 3 месеци кај оние со чести промени и големи варијации или кои имаат промена во терапијата.

Вредности на ХБА1ц :

  • нормално – помалку од 5,7 проценти
  • преддијабетес – помеѓу 5,7 и 6,4 проценти
  • дијабетес – 6,5 проценти и повеќе.

Преддијабетес е кога нивото на шеќер во крвта е повисоко од нормалното, но не е доволно високо за да укаже на дијабетес.

Низок шеќер во крвта – Премногу низок шеќер во крвта може да предизвика симптоми како што се:

  • тресење и потење
  • чувство на нервоза
  • тешкотии во концентрацијата
  • кожа која изгледа побледа од вообичаено
  • брзо и неправилно чукање на срцето
  • слабост
  • недостаток на координација.

Висок шеќер во крвта – хипергликемијата ги има овие симптоми:

  • зголемен глад или жед
  • прекумерно мокрење
  • заматен вид
  • главоболка
  • замор

Comments

Leave a Reply