ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС ОД ГРАД СКОПЈЕ

Дебелина

Дебелината може да изгледа едноставна за објаснување. Ако некое лице внесува повеќе калории отколку што му треба, тогаш добива на тежина. Но, вистинското објаснување не е толку едноставно.

Дебелината е сложено хронично заболување, а слабеењето не е само прашање на помалку јадење и повеќе движење. Всушност, дебелината може да биде под влијание на генетиката, физиологијата, животната средина, работата и образованието, и на она што се случува во мозокот.

Разбирањето на овие фактори е од суштинско значење, бидејќи дебелината е поврзана со други болести, вклучувајќи дијабетес тип 2, заболувања на срцето и крвните садови и одредени видови на рак. Да не зборуваме за стигмата и за предрасудите од кои милиони страдаат секој ден.

Но, со соодветна грижа, луѓето со дебелина можат да постигнат одржливо губење на тежината што навистина прави разлика во нивното здравје.

  • Дебелината е сериозно хронично заболување!
  • Зошто добиваме тежина различно?

Дебелината не е избор на живот

На дебелината влијаат многу фактори и одвнатре и надвор од телото. Едно лице може да се роди со склоност кон дебелеење. Исто како што некој е роден со одредена боја на очите.

Тука е и физиолошкиот аспект. Кога некое лице јаде, хормонските сигнали од желудникот и цревата се преведуваат во чувство на намалена глад и зголемена ситост. Ова го контролира внесувањето храна кај една личност.

За време на губење тежина, нивото на хормони може да се промени во обид да се врати изгубената тежина. Како резултат на тоа, студиите покажуваат дека само околу една третина од луѓето успешно ја одржуваат изгубената тежина.

Многу аспекти на општата благосостојба, животната средина и начинот на живот на една личност исто така може да предизвикаат зголемување на телесната тежина. Местото на живеење на некое лице и културата што го опкружува исто така можат да влијаат на ризикот од развој на дебелина.

Така, иако многу луѓе со дебелина веруваат дека би требало да можат сами да управуваат со својата тежина, тоа не е така лесно. 

Влијанието на мозокот врз телесната тежина

За да ја разбереме дебелината, мора да разбереме што се случува во нашите мозоци. Се чини дека нашите тела имаат вграден систем за да се придржуваат до оние дополнителни калории, веројатно затоа што со илјадници години, тоа бил основниот механизам за преживување.

Затоа, луѓето кои живеат со дебелина се борат да ослабат. Програмирањето на нивните тела работи за да ги врати на оригиналната почетна тежина. Во мозокот, како да има прекинувач што ја прилагодува потрошувачката на енергија на една личност сè додека не ги поврати изгубените килограми.

Извор https://www.novonordisk.mk/disease-areas/obesity.html