Состојки:
- 2 лажички маслиново масло
- 1 чаша цветчиња брокула
- 1 чаша цветчиња карфиол
- 1 чешне лук, тенко исечено
- малку бело вино или пилешка супа
- 3 лажици вода
- прстофат сол
- мелен црн пипер
- Вкупно време за припрема: 10 минути
- Порции: 2
Постапка:
- Во голема тава загрејте масло на средно висок оган. Додадете брокула, карфиол и лук; варете 2 минути, повремено мешајќи. Внимателно додајте вино, вода, сол и бибер. Намалете ја топлината на минимум. Покријте и варете 2 минути.
- Откријте и гответе уште 2 минути или додека зеленчукот не омекне.
Нутриционистички вредности: (по порција)
Калории 94
Масти 4 гр.
Јаглехидрати 8 гр.
Протеини 2 гр.

Извор:https://www.eatingwell.com/